Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Еден активен пожар во Македонија, 21 се изгаснати во последното деноноќие
Македонија

Еден активен пожар во Македонија, 21 се изгаснати во последното деноноќие

17/02/2024

AA

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 892 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 40,11%, а 59,89% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 65,33%, кон Итната медицинска помош 24.09%, а кон пожарникарите 8,75% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 1,83% со другите 59,89% што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1 138 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи.

ЦУК информира дека утрово има се уште само еден активен пожар на отворено од вчерашните. Имало вкупно 22 пожара на отворено во државата, пожарникарите 21 изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места во последното деноноќие.

Активен пожар на отворено, од вчерашните 22 има на планината Китка, каде што се уште гори, најверојатно нискостеблеста вегетација, согласно последните информации што се добиени на 112 во ЦУК. Вчера во период од 16.15 часот, преку Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК добиено е пријава за шумски пожар кон Караџица во близина на место викано Преслап после куќата на Планинарското друштво „Китка“, над селото Палиград, а под месноста „Карпата“ на планината Китка. За ова веднаш била известена подружница „Караџица“ на ЈП „Национални Шуми“ и Општина Студеничани од каде што информираа дека на неутврдена површина гори сува трева и мешана ниска и висока вегетација. Од подружница „Караџица“ информирале дека реонскиот чувар ќе оди на лице место за проверка на истиот пожар, дали пожарот има големи размери или не. Поради непристапниот терен, гаснење ноќеска не било можно.

Истото вчера беше потврдено и од БППЗ кои известија дека во 17:00 часот, на местото од пожарот е упатено 1 ПП возило и 3 пожарникари кои ќе ја извидат ситуацијата и ако е можно ќе дејствуваат. Инаку, информацијта дека се уште чади и индицира дека гори од локацијата на истоимениот пожар ја потврдија и велосипедистите коишто сношти, а и утрово и во момент на пражање на утринската информација и со фотографии и со локација информираа за пожарот.

Пожарникарите во последното деноноќие изгаснале 21 пожар на територијата на државата.

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека БППЗ на град Скопје, во изминатото деноноќие имаше три помали интервенции за запалена ниска вегетација на различни локации во Градот и околината.

Регионалниот ЦУК Битола, информира дека ТППЕ Крушево имала седум интервенции врз пожари на отворано: од 14:15 до 17:10 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена деградирана ниско стеблеста дабова шума (0,5 ха), кај с.Норово на месноста „Темни Дол“. (Општина Крушево); од 11:30 до 15:00 часот ТППЕ Демир Хисар интервенираше со 1 ПП возило 3 работници од ПШС Бигла Демир Хисар на запалена ниска вегетација во атар на с.Мренога на површина од 10 ха.; од 11:15 до 12:25 часот ТППЕ Прилеп со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација во населба ,,Жабино мало“; од 14:30 до 17:00 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на с.Тополчани; од 13:30 до 14:30 часот со 1 ПП и 2 пожарникари интервернирале на запалена ниска вегетација пред вештачкото Прилепско Езеро; од 16:15 до 16:40 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на ул. Целе Мавровски и од 17:29 до 17:40 часот со 1 ПП визило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација зад салонот за мебел ,,Грација“. (Општина Прилеп)

Регионалниот ЦУК Струмица, информира дека пожарникрите од ТППЕ Струмица имале две интервенции врз пожари на отворано: од 10:37 до 11:50 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Добрејци и од 17:42 до 18:20 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на регионалниот пат Радовиш кон Струмица.

Регионалниот ЦУК Охрид, ја пренесува информацијата од ТППЕ Охрид во која се наведува дека во изминатото деноноќие имале само една помала интервенција.

Регионалниот ЦУК Штип, информира дека ТППЕ Штип имала две интервенци врз пожари на отворено: од 14:00 до 17:30 часот со 3 ПП возила и 12 пожарникари гаселе дел од магацински простор складиран отпад и сува трева во кругот на оранжеријата „Оаза Самантов“ (Општина Штип); од 18:30 до 20:10 часот ТППЕ Кочани со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во село Видовитиште. (Општина Кочани).

Регионалниот ЦУК Куманово, информира дека ТППЕ Куманово интервенирале врз четири пожари на отворено: од 17:25 до 18:30 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснале запалена ниска вегетација во населба „Перпо Чичо“ (Општина Куманово); од 17:50 до 18:58 часот со 5 пожарникари и 1 ПП возило гаснале запалена ниска вегетација во с. Војник (Општина Куманово) и имале и две помали интервенци во Градот и околината.

Регионалниот ЦУК Тетово, ја пренесува информацијата од ТППЕ Гостивар во која се наведува дека имал две интервенции поради запалена ниска вегетација и дека во двата случаја интервенрале со 1 ПП и 4 пожарникари.

Центарот за управување со кризи апелира овој викенд да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации (минатиот викенд имаше околу 80 пожари на отворено).

Истовремено, потребно и корисно е да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy