
„Ќе влеземе во Собранието и ќе ве убиеме сите“: Гаши доби заканувачка порака на мејл!
Претседателот на Собранието, Африм Гаши на службениот мејл добил закани по живот.
Во мејлот имало заканувачка содржина, во која се вели дека ќе влезат во Собранието и ќе „има бесење“ на сите што се за Бугарите ако се усвојат уставните измени, објави порталот 360 степени.
„Уставни измени никогаш, никогаш, никогаш да има, ќе има бесење и колење и убивање на сè бугарско, фашистичко. Тие се фашисти и нивното место е на бесилка, да се лекуваат од болеста што ја имаат. Само пробајте, ќе ви влеземе во Собрание и ќе ве убиеме вас ш*****ски к*чиња кои сте за Бугарите, само смрт“, стоело во електронската порака испратена на службениот мејл.
Заканите се пријавени во полиција.