
ЌЕ ВЕ ДИГНАМ СИТЕ ВО ВОЗДУХ: Момче оставило страшна порака пред Собранието во Подгорица
Десетгодишно момче оставило белешка со натписот „Сите ќе ве разнесам“ пред зградата на Собранието во Подгорица, неофицијално од Управата на полицијата велат за „Вијести“.
Наводно, момчето го напишало и оставило ливчето еден ден пред да се одржи состанокот на Општинскиот комитет на Демократската партија на социјалистите во таа зграда, но обезбедувањето го нашло дури тој ден.
Според информациите на Вијести, момчето ја напишало пораката и ја оставило додека го чекало својот татко кој влегол во зградата да ги заврши обврските за кои дошол.