Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕ СВЕДОЧАТ ПЕТМИНА ОШТЕТЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“ Продолжува судењето за предметот „Кочани“
Македонија

ЌЕ СВЕДОЧАТ ПЕТМИНА ОШТЕТЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“ Продолжува судењето за предметот „Кочани“

26/01/2026

AA

Со искази на сведоци, оштетени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска во големата судница на Кривичниот суд во Идризово ќе продолжи главната расправа за катастрофалниот пожар во кој загинаа загинаа 63 лица, а над 210 беа повредени.

Се очекува да сведочат петмина оштетени, Тоше Трендафилов, Мартин Китанов, Алберто Миладинов, Иван Данилов и Кристијан Панов. Сите беа присутни во дискотеката во време на пожарот, дел од нив беа повредени и загубија блиски членови на семејството.

Претходното рочиште, закажано за 14 јануари беше одложено по барање на бранителката на обвинетиот Аднан Џаферовски, адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска, која беше избрана за член на Судскиот совет, а со цел Џаферовски да има доволно време да ангажира нов бранител и тој да се запознае со предметот.

На претходното рочиште, што се одржа на 29 декември 2025 година, сведочеа три мајки на загинати во пожарот, Марија Петрушева, Ирена Минова и Габриела Наунова. Тоа рочиште помина во тешка атмосфера, исполнета со плач од присутните родители, поради траорното сведочење на мајките за смртта на нивните деца. Судењето го одбележа и тежок инцидент, кој настана откако Наунова им порача на сите 35 обвинети дека без разлика на исходот на судењето за нив тие се убијци на нивните деца, на што градежниот инспектор Огнен Георгиев ѝ дофрли дека и таа е виновна затоа што ја пуштила малолената ќерка во диско, по што сите родители скокнаа и почнаа да го пцујат, да го колнат и да му се закануваат дека ќе му летне главата на некој пешачки премин во Кочани. Судијката Диана Груевска Илиевска побара обезбедувањето да ги смири родителите и им рече дека доколку го нарушуваат редот во судницата нема да им дозволи да присуствуваат на рочиштата.

На 16 март 2025 година, за време на настап на групата ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани, од употреба на пиротехника избувна пожар. Јавното обвинителство обвини 35 физички и 3 правни лица и сите нив ги товари за Тешки дела против општата сигурност. Сите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни според таа квалификација. Обвинети се сопственикот и управителите на дискотеката, обезбедувањето, градежни и пазарни инспектори, проектантка на објектот, поранешни градоначалнци на Кочани, поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување, поранешни министри за економија и административци во Министерството за економија. Сите тие, според Обвинителството, од 2012 година до денот на трагедијата направиле верижни пропусти што довеле до трагедијата.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy