Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ќе се слика ли Африм Гаши? Собранието му купи нов фотоапарат за кој потроши  5.660 евра народни пари!
Економија

Ќе се слика ли Африм Гаши? Собранието му купи нов фотоапарат за кој потроши 5.660 евра народни пари!

11/12/2024

AA

Фотоапаратот марка Никон модел Z8 чини 3.780 евра, а објективот за фотоапаратот е Никон Никкор Z 27-70mm чини 1.880 евра. Вкупно за фотоапарат и објектив кабинетот на Африм Гаши, собранискиот спикер потроши 5.660 евра. За тие пари просечен Македонец работи 8 месеци. Во септември годинава од Кабинетот на Гаши за „Фактор“ потврдија дека фотоапаратот е наменет за фотографирање на претседателот на Собранието

Собранието, по три месеци, одлучи да склучи договор за купување фотоапарат и објектив за што плати 5.660 евра народни пари. Договорот за купување на фотоапарат и објектив е склучен кој крајот на ноември иако тендерската постапка заврши во септември.

Уште во септември овој тендер на Собрание го привлече вниманието на јавноста затоа што како барател на набавката беше адресиран Кабинетот на Африм Гаши, собранискиот претседател. Во таа набавка освен фотоапарат и објектив беше вклучена и набавка на 30 ЛЦД телевизори и на 12 инвертер клими.

Во реакцијата од Кабинетот на Гаши на прашањето на „Фактор“ беше одговорено дека набавката на телевизорите е за потребите на Собранието, додека за потребите на Кабинетот на претседателот на Собранието е фотоапаратот.

Договорот за набавка е склучен со штипската компанија „Интер-фото“, а потписник во име на Собранието е генералната секретарка Марина Димовска. Во договорот меѓу другото пишува дека испораката на фотоапаратот и на објективот ќе се реализира во рок до 30 дена од денот на потпишување на договорот. Исто така пишува и дека фотоапаратот и објективот имаат 24 месеци гаранција.

Сите детали од договорот се достапни на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/47a6102c-8a1d-4618-b2f2-c26cce8fc2c2

Наведено е дека добиле 5 понуди за фотоапарат и објектив и дека договорот е доставен до Бирото за јавни набавки на 26 ноември иако тендерот заврши во септември.

Повеќе детали за тендерот со назив „Телевизори, уреди за ладење и/или греење и фотографска опрема за потребите на Кабинетот на претседателот“ на следниот линк https://faktor.mk/ushte-eden-nesmasen-gaf-na-lugjeto-na-gashi-zoshto-pretsedatelot-na-sobranie-sluzbeno-kupuva-30-lcd-televizori-i-12-invereter-klima-uredi

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината

13/04/2026
Македонија

ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во

13/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ

13/04/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира

13/04/2026
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42420
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината е во европеизација, а не

13/04/2026

Поразот на Виктор Орбан на изборите во Унгарија е политичка порака што одекнува и надвор од Будимпешта и претставува директна

ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во пешак и го повредил

13/04/2026

Лишен од слобода e возач од Неготинско, кој возејќи под дејство на алкохол и со мерка забрана за управување, удрил

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ ДРЖАВИ Засукај ги ракавите и

13/04/2026

ВМРО-ДПМНЕ го повика лидерот на СДСМ Венко Филипче да се огради од криминалите на Зоран Заев, да ги засука ракавите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy