Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕ СЕ ПРОДАДЕ ЛИ ВРЕДЕН ИМОТ И РУДА НА ФЕНИ ЗА ЕВТИНИ ПАРИ – стечајот тече, понудите се ниски, како ќе „пресечат“ доверителите
Економија

ЌЕ СЕ ПРОДАДЕ ЛИ ВРЕДЕН ИМОТ И РУДА НА ФЕНИ ЗА ЕВТИНИ ПАРИ – стечајот тече, понудите се ниски, како ќе „пресечат“ доверителите

03/10/2024

AA

Се продава голем и вреден имот на поранешен ФЕНИ, сегашен Еуроникел во стечај, и тоа за евтини пари. Се продаваат и објекти и суровини, а преку Централниот регистер уредно можат да се видат и цените кои ги нудат потенцијалните купувачи, а кои се значително пониски од проценетата вредност.

Оваа продажба на делови од имотот на кавадаречкиот комбинат во стечај делува малку збунувачки, бидејќи, како што е познато, имотот на Еуроникел го купи реномираната и моќна турска компанија Јилдирим, која, барем според најавите и очекувањата, требаше да донесе сериозна додадена вредност и стабилност на оваа компанија за производство на никел.

Како што е објавено, на 21 октомври треба да се одржи Собрание на доверителите на трговското друштво за ископ на руди, производство на метали, трговија и услуги, Еуроникел Индустри ДОО од село Возарци, Кавадарци, на кое тие треба да гласаат за продажба на броен имот за кој веќе се доставени и понуди од потенцијални заинтересирани страни.

Собранието на доверители на стечајниот должник Еуроникел го свикува Основниот суд во Кавадарци, преку стечајната судијка Елизабета Петковска, а доверителите всушност треба да гласаат за носење на одлука за продажба на имотот, односно стечајната маса на должникот, и тоа за многу значаен и прецизно назначен имот.

Првиот пакет што се продава е инвентар и лабораторија, а нивната вкупна проценета вредност е 230 илјади евра. За овој имот има понуда некој да го купи за 135 илјади евра, што е нешто повеќе од половина од вредноста, или прецизно 58,72 отсто од проценетата вредност.

Потоа, во пакетот број 2 влегува капекс магацин со проценета вредност од над 707 илјади евра, но за неа стечајниот управник на комбинатот добил понуда од само 220 илјади евра, што е само нецела една третина или 31,11 проценти од проценетата вредност на овој објект.

Пакетот број 3, пак, е насловен како Нова Инженеринг магацин, со проценета вредност од 440 илјади евра, а за него има понуда да се продаде за сума од 20 илјади евра, што е само 4,54 проценти од проценетата вредност.

Во четвртиот пакет е наведено дека се продава ОПЕКА, што во превод би значело цигли, чија проценета вредност е близу 1,1 милиони евра, а за овие материјали понудата е 257 илјади евра, што е само 23,78 отсто од проценетата вредност.

Петтиот макет се состои од магацин резервни делови со проценета вредност од над 6 милиони евра, а за овој магацин е добиена понуда од само 1,23 милиони евра, што е рамно на 20,34 отсто од проценетата вредност.

Во шестит пакет влегува разна руда, од Брегот на слоновата коска, Албанија и Гватемала, со проценета вредност од 269 илјади евра, а за него е добиена понуда од 184 илјадин евра, што изнесува 68,42 проценти од проценетата вредност.

Осмиот пакет, пак, се состои од цврсти горива, и тоа лигнит од Индонезија, лигнит од Колубара и камен јаглен од Русија, со проценета вредност од 187 илјади евра, а за нив е добиена понуда од 129 илјади, што е процент од 68,78 отсто.

За неколку пакети воопшто не е добиена понуда.

Ќе се разгледува и исходот од електронска е-аукција одржана на 30 септември.

Исто така, како точка на дневен ред е ставено и гласање по предлог за купување на 250 акции од МКК Еуроникел 2005 АД Кавадарци, поднесен од општина Кавадарци до судот на 27 септември. 

Инаку, со одлука од пред неколку дена се основал Одборот на доверители на Еуроникел по предлог на стечајниот управник Младен Веселинов. За членови на Одборот на доберители се именувани друштвото за производство, промет, трговија и консалтинг Ролис ГМ ДООЕЛ од Кавадарци, потоа општина Кавадарци, потоа државата односно Владата, претставена преку Министерството за финансии и Управата за јавни приходи и тоа регионалната дирекција Прилеп. Првата седница на Одборот на доверители ќе се одржи на 4 октомври во Основниот суд Кавадарци. Сите овие треба да именуваат свои претставници во одборот на доверители.

Н.Н.Ф. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена

17/02/2026
Македонија

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите

17/02/2026
Македонија

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен

16/02/2026
Македонија

ГИ НАПАДНАЛ СО НОЖ МАЈКАТА И СОПРУГАТА Скопјанец уапсен за

16/02/2026
Македонија

Над 60 семејства без дом по излевањето на Зајаска Река

16/02/2026
Македонија

Воена вежба на Охридското Езеро: Македонски и белгиски војници утре

16/02/2026
Македонија

САМО ПЛАНОТ НА ТРАМП МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ МИР ВО УКРАИНА

16/02/2026
Македонија

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41543
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена вежба на македонската и на

17/02/2026

СВР Охрид ја известува јавноста дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите ги оставија без покрив над

17/02/2026

Околу 250 лица, односно 63 домаќинства, привремено се сместени во спортската сала во Кичево, откако вчерашното невреме предизвика излевање на

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен конкурс

16/02/2026

Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy