Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕ СЕ „ПИШМАНИ“ ЛИ ВЛАДАТА – денеска се разгледува предлогот за замрзнување на цената на лебот, дали мелничарите ги предомислија?
Економија

ЌЕ СЕ „ПИШМАНИ“ ЛИ ВЛАДАТА – денеска се разгледува предлогот за замрзнување на цената на лебот, дали мелничарите ги предомислија?

28/02/2023

AA

По вчерашната најава на производителите на леб и бели пецива дека ќе
престанат со работа следниот ден по објавување на одлуката за зарзнување на
цената на лебот на 33 денари, граѓаните во недоумица. Како основен прехрамбен
произовд, лебот е еден од најпродаваните продукити во маркетите, па многумина
останаа збунети по најавата за прекин со работа, дали ќе има леб во маркетите.

– На состонокот на кој беа присутни 32 индустриски
пекари од цела земја, плус од мали градови, се согласивме дека мерката за замрзнување ќе направи до работиме со загуби. Едногласно, беше донесена одлука,
дента кога ќе излезе одлуката за замрзнување на цената на лебот во Службен
весник, другиот ден пекарската индустрија ќе престане да произведува леб –
посочи Горан Малишиќ, претседател на групација за мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија.

Согласно претходните најави, Владата
денеска треба да донесе
одлука за замрзнување на цената на лебот. На предлог на министерот за економија Крешник Бектеши,
денеска во Владата ќе се разгледува предлогот за замрзнување на цената на лебот.

– 
Во вторник ќе се замрзне цената
на лебот и нема да изнесува над 33 денари, и за белиот и за полубелиот. Ова
е само прв чекор од производите кои ќе бидат замрзнати, ќе следат и нови одлуки.
Не може да има разлика во цената од 28 до 38 денари за ист леб. Дополнително ќе
се утврди и количината бидејќи трговците ги намалуваат цените, но и количините –
најави Бектеши, додавајќи дека се прават анализи и за тестенините.

На денешната владина седница треба да се најде и предлогот за укинување на субвенционираната
цена на струјата за прехранбените компании.

Првиот човек на Агро-бизнис комората при Сојузот на Стопански комори на
Македонија, Горан Ѓорѓиевски на средбата појасни дека треба да се видат реално
параметрите кои ги дефинираат цените.

– Не
може државата да префрла фирмите да ѝ ја вршат нејзината социјална функција.
Тоа сега се случува. При определување на цената, околу 40-45 отсто е материјален трошок за брашно, квасец, сол и така натаму, 30 – 35 отсто е работна
рака, десетина проценти е енергија и 15-ина проценти се други трошоци, како
кредити, пакувања, лизинг и слично. Не е само житото битно при формирање на цената. Голем уддел има работната рака. Дали
знаете дека во овој момент има голем одлив на население, дали знаете дека тој недостиг креира високи цени на
работната рака? Само 10 отсто е субвенцијата за електричната енергија.
За да се транспортира лебот, има комбе, кое троши нафта. Со секој што сака може да седнеме и реално да разговараме во
проценти и прецизно да кажеме што влегува во цената – посочува Ѓорѓиевски и додава дека земјава треба да ги искористи
искуствата на околните земји за формирање на цената на лебот. 

По бомбастичната најава за прекин на работата зовреа и социјалните мрежи.
Голем број граѓани ги критикуваа претставниците на пекарската индустрија, но
имаше и такви кои ја дадоа поддршката за најавата на пекарниците.

– 
Пекарите со
закана за прекин на производство на леб ако цената се замрзне на 33 денари. –
Да сме колективно паметни и сложни, недела дена да си месиме и не купуваме леб,
самите ќе ја замрзнат на 25 денари! – стои во еден пост на социјалната
мрежа „Твитер“.

А ти да си купиш пекарница па да праиш растур промет со 33 мкд/леб?

— ЗаСитеРубљи (@4aldemonite) February 27, 2023

И експертите укажуваат дека замрзнувањето на цените на производите не треба
да се практикува, бидејќи ќе води кон намалување на понудата на производите на
пазарот.

П. О. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy