Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Колку време е потребно за еден текстилен работник да го „испече“ занаетот?
Економија

Колку време е потребно за еден текстилен работник да го „испече“ занаетот?

28/02/2023

AA

Работникот во текстилниот сектор во првите три месеци е почетник. После
година, ако истиот извршува една или две операции, ако е брз,
ефективен, работи квалитетно, тогаш може да се смета дека го совладал
занаетот.

Maријана
Перковска од Текстилниот кластер објаснува дека работникот мора да има
љубов кон професијата, затоа што да се биде шивач не е едноставно и професијата си бара поседување на вештини и знаење.

„Ако нема љубов
кон професијата, џабе правиме муабет. Мора да ја сака работата, да работи
прецизно, а за да биде добар работник треба да биде одговорен, да има осет, да
воочи што е добро, а што лошо. Доколку има направено грешка во работењето, да
ја открие и да се поправи. Нормата е врзана со квалитетот. Треба да помине
период од 6 месеци до година за да ја совлада работата, но важни се
индивидуалните афинитети, кој колку е заинтересиран да научи“, рече Перковска.

Од конфекциите
велат дека имало случаи кога луѓе без никакво искуство почнуваат да работат во
текстилот и брзо се усовршуваат, но има и такви кои после години и години не го
даваат посакуваниот резултат. Чувството за естетика исто така е многу важно за
оваа работа.

„Тоа е
индивидуално, зависи од работникот. Се случувало да дојде работник кој нема
искуство, седнува на машина, му објаснуваме како се работи, потоа постепено учи
и се усовршува. Прво е важна љубовта кон
професијата, но треба да имаат и дарба. Без тоа нема напредок. Сега веќе нема ни кого да обучуваме, а
старите работници си одат во пензија. Секој месец работнички ни заминуваат во
пензија, а нема млади“, велат од „Илда – Цеца“ од Кавадарци.

Oд „Креатив“ од
кочанско објаснуваат дека минимум 6 месеци се потребни за совладување на
занаетот. Но, како што наведуваат, денес попрво ќе најдат пензионерки кои ја
знаат работата, отколку млади кои би работеле во текстил.

„Треба да му се
покаже како работи машината, да совлада операции, а многу зависи и од самиот
работник колку брзо сфаќа и учи. Но, сега оди многу тешко. Кај младите нема
интерес за оваа работа. Младите си избегаа во странство“, велат од оваа
конфекција.

Пред повеќе од
една деценија се практикувало новите кадри извесен период да волонтираат,
додека не го совладаат работниот процес.

Од „Квалитиум“ од
Прилеп додаваат дека во минатото имало млади луѓе кои се обучуваа, но сега
работите се сменети.

„Јас во оваа
работа сум повеќе од 20 години, а паметам дека пред 15 години имаше наплив на
млади кои доаѓаа и се обучуваа. Колку брзо ќе научат да работат зависи од нив,
но и од обучувачите. Порано имаше млади кои доаѓаа, беа добри, брзо учеа. Ние и сега имаме млади работници, но не толку колку што се потребни“, додаваат од
„Квалитиум“.

Светиниколски
конфекции нудат награда од 5.000 денари за вработените кои ќе донесат нов
работник во компанијата. Но, како што веќе кажаа, се пријавиле само повозрасни
неквалификувани кадри. Текстилниот сектор со години алармира дека ќе им требаат
илјадници работници кои е тешко да ги обезбедат. Перковска вели дека мораме да
станеме свесни за важноста на текстилните работници во општеството. Објаснува
дека секторот вработува околу 30.000 луѓе, а пред пандемијата имало околу 800
текстилни фирми, од кои поголем дел се во источниот дел на Македонија.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/prostooleh

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник

07/11/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И

07/11/2026
Македонија

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ САМО НА МАКЕДОНСКИ, НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ

07/11/2026
Македонија

СОСТАНОК ВО ВЛАДАТА ЗА РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Институциите се координираат за

07/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА САБОТАЖА Сака немири во Македонија,

07/11/2026
Македонија

ТРАЈНА Е МИСИЈАТА ЗА ПОМАЛКУ ШАЛТЕРИ, ПОБРЗИ ПОСТАПКИ И ЗА

07/11/2026
Македонија

РАКОВОДИТЕЛКА НА ШТЕДИЛНИЦА ВО КАВАДАРЦИ ПРОНЕВЕРИЛА ПАРИ ОД ШТЕДАЧИТЕ Земала

07/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46650
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли до 20 степени

07/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови и во

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови и во

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И ВО СТРУМИЦА Во Битола исплатени

07/11/2026

Денеска во филијалата на Алта банка во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy