Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ќе се мапираат 150 „црни точки“ нив Скопје – започнува голема акција за сообраќаен ред
Македонија

Ќе се мапираат 150 „црни точки“ нив Скопје – започнува голема акција за сообраќаен ред

05/02/2026

AA

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес-конференција најави сеопфатна акција за подобрување на безбедноста на патиштата низ главниот град. Приоритет на Градот ќе биде обезбедувањето на 150 критични локации, т.н. „црни точки“, каде најчесто се случуваат незгоди или постои опасност за пешаците, особено околу училиштата.

Признавајќи ги поплаките од граѓаните за недостиг на сообраќајни знаци и лоша инфраструктура, Ѓорѓиевски истакна дека веќе е одржан координативен состанок со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Ќе има целосно отстранување на недостатоците на 150-те детектирани критични точки, како и поставување на нова вертикална и хоризонтална сигнализација, светлосни уреди и подобрување на прегледноста.

Оваа година ЈП „Улици и патишта“ ќе инвестира сериозни средства во воспоставување на т.н. паметен зелен бран.

Градоначалникот ја поздрави измената во законот која конечно овозможува полесно поставување на вештачки испакнатини на патиштата (лежечки полицајци). Оваа мерка ќе биде клучна за смирување на сообраќајот во населените места каде брзината е најчест ризик.

„Агендата ни е јасна – овие 150 точки мора да бидат обезбедени за да влијаеме на намалување на бројот на сообраќајни незгоди и, што е најважно, да спречиме нови жртви. Град Скопје и ‘Улици и патишта’ се носители на активностите, но ќе работиме во тесна координација со МВР и Министерството за транспорт“, дециден е Ѓорѓиевски.

Оваа иницијатива доаѓа како одговор на барањата на родителите за поголема безбедност пред училишните зони, каде честопати возачите немаат јасна информација за дозволената брзина на движење.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy