Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Ќе се избира нов гувернер, а никој не ја спомнува можноста на оваа позиција да биде Албанец“, реагира ДУИ
Македонија

„Ќе се избира нов гувернер, а никој не ја спомнува можноста на оваа позиција да биде Албанец“, реагира ДУИ

15/05/2025

AA

ДУИ изразува незадоволство што ниту Владата, ниту Претседателката, а по линија надолу ниту целата политичка раководната структура, никој не води ни малку грижа за пристојно учество на Албанците во општествените текови.

„На 21 мај ќе се гласа за избор на нов гувернер на Народна банка на Македонија, а никој веќе не ја ни спомнува можноста на оваа позиција да биде избран Албанец.

Сите се однесуваат како оваа функција да е резервирана за етничките Македонци и како да е тоа однапред завршена работа.

Во моментов, во потесниот круг за избор влезени се четворица кандидати, од кои не само што ниту еден не е Албанец, туку овој потесен круг на ниту еден начин не го изразува мултиетничкиот карактер на државата.

Без разлика што за изборот постои јасна уставна и законска процедура, која минува низ филтерот на Претседателката, а потоа и собранискиот филтер, политичките претставници на Албанците во рамките на парламентарното мнозинство требаше да обезбедат барем учество во потесниот избор на еден од врвните економски експерти – Албанци кои ги има оваа земја.

Но во моментов, тие како да не смеат ни да прашаат за ваквите позиции, а камо ли да се изборат за избор на Албанец на ваква висока државна функција.

Останува горчливиот вкус за Албанците, наметнат од Премиерот, кој прво во концентрични кругови создаде чисти етнички средини околу себе: почнувајќи прво од својот Кабинет, потоа најблискиот круг соработници со кои оди во официјални посети, сега еве треба на јавна сцена да се демонстрира дека за позицијата Гувернер Албанците едноставна немаат ниту претставник кој би можел да влезе во потесниот круг за избор. 

Република Северна Македонија е држава на сите нејзини граѓани, без разлика на нивната етничка, или било каква друга припадност.

И според Уставот, обврска на државата е да се грижи за правилна дистрибуција и учество во општествените текови на сите етнички заедници. 

Ја повикуваме Претседателката, во рамките на своите можности, да покаже малку поголема лојалност кон Уставните одредби кои го дефинираат мултиетничкиот карактер на државата, отколку на барањата кои ѝ ги испорачуваат од Владата“, велат од ДУИ во соопштение.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Таравари удира по „Безбеден град“: Се крши Законот за јазици,

25/01/2026
Македонија

Тотална блокада од утре напладне: 370 камиони ги затвораат сите

25/01/2026
Македонија

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ДОЖД И СНЕГ Циклон носи обилни врнежи,

25/01/2026
Македонија

СО 3,15 ПРОМИЛИ УДРИЛ ВО ОБЈЕКТ И ПОБЕГНАЛ Пет лица

25/01/2026
Македонија

МАЛОЛЕТНИК ЗАД ВОЛАН ПРЕДИЗВИКА ХАОС Пешак се бори за живот

25/01/2026
Македонија

НА ВЛАСТ ДРУГАРУВАА ЗА КРИМИНАЛНИ ШЕМИ, А СЕГА СЕ ПРОТИВ

25/01/2026
Македонија

УДРИЛ ВО ПИЈАН ПЕШАК И ПОБЕГНАЛ Повредениот имал 1,69 промили

25/01/2026
Македонија

ПИЈАНА КАВАДАРЧАНКА СО НОЖ ГО ПОВРЕДИЛА СОПРУГОТ Со 2,61 промили

25/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40606
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Таравари удира по „Безбеден град“: Се крши Законот за јазици, казните се превисоки – следува

25/01/2026

Крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари излезе со остри критики за начинот на кој се спроведува проектот

Тотална блокада од утре напладне: 370 камиони ги затвораат сите граници – „Макамтранс“ бара итно

25/01/2026

Македонија се соочува со целосен прекин на товарниот сообраќај на граничните премини. Од утре напладне (понеделник), околу 370 камиони ќе

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ДОЖД И СНЕГ Циклон носи обилни врнежи, локално над 30 литри

25/01/2026

Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд, што наместа ќе бидат

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy