
Ќе се „чешлаат“ сите издадени лиценци без разлика на што се однесуваат!
Владата донела одлука за контрола на сите издадени лиценци без разлика на што се однесуваат.
Ова денеска на прес конференција го најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој порача дека во министерството со кое раководи во тек е контрола на сите издадени лиценци согласно законот за градење и законот за урбанистичко планирање.
„Донесовме одлука да се направи контрола на сите издадени лиценци од страна на Минстерствата во рамки на Владата без разлика на што се однесуваат. Оваа одлука се однесува на сите министерства и на сите Институции кои што издаваат лиценци од било кој тип. По завршувањето на овие постапки, ќе следат и јасни законски измени со која што ќе биде законска обврска на секој 6 месеци да се врши ваква контрола на се што е издадено од страна на институциите“, вели Николоски.
