Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ќе плаќа ли РЕК Битола 3,5 евра за заштитна маска која може да се нарача и онлајн за 1 евро?
Економија

Ќе плаќа ли РЕК Битола 3,5 евра за заштитна маска која може да се нарача и онлајн за 1 евро?

01/03/2024

AA

Битолска човек-фирма регистрирана за останати деловни помошни услужни дејности доби тендер во РЕК Битола вреден 61.000 евра и за тие пари ќе и продава заштитни маски за потребите на вработените кои работат во правливи услови. Ако на интернет ги впишете ознаките и потребниот стандард за секоја од двете маски излегуваат цени кои се три и пол пати пониски од тие по кои фирмата „Ти Ај Ти Сервисис“ го добила тендерот …

РЕК „Битола“ ќе плати 61.000 евра за да набави заштитни маски за еднократна употреба за своите вработени кои се изложени на прав во рудниците и во термоцентралата. Договорот го добила битолската фирма „Ти Ај Ти Солушнс“ која дала најдобра понуда во конкуренција на три понудувачи на тој дел од тендерот за заштитна опрема за која РЕК Битола ќе плати над 300.000 евра.

Фирмата со седиште во битолското село Дихово која има само еден вработен за секој од двата типа маски што ги продава на РЕК Битола ќе наплати по 201 односно 212 денари по парче. Вкупната вредност на договорот што го потпишал директорот Пеце Матевски директорот на РЕК Битола и Кирил Христовски, сопственикот и управител на фирмата од Дихово со вклучен ДДВ изнесува 4,37 милиони денари.

Проверката што направи „Фактор“ врз основа на дадената техничка спецификација од понудата покажува дека заштитни маски кои го задоволуваат стандардот EN 149 како што се бара во тендерот и при тоа имаат заштитен филтер FFP2 и FFP3 можат да се купат и по три пати пониска цена од таа што ја понудил и со која тендерот го добил најдобриот понудувач.

Кај белгискиот производител на заштитна опрема „Просејфти“ цена на маската која го задоволува барањето на РЕК Битола за маска од типот Portwest UC со филтер FFP3 NR DP351 е 1,1 евро со вклучен ДДВ. Ова е линк што води до веб страницата од која може да се изврши дури и он-лајн нарачка на тој тип на маска https://prosafety.com/en/antidust-mask/2502-portwest-ffp3-valved-dolomite-fold-flat-mask–p351.html

На следниот линк https://prosafety.com/download/pdf/certificat/51507-01_certificat_en.pdf  може да се симне и сертификатот дека производот односно маската која го исполнува стандардот EN 149 FFP3 (NR D) кој бил услов за набавка на тој производ. Според понудата на „Ти Ај ТИ Солушнс“ маската што ќе ја продава на работниците во РЕК Битола е од Portwest UC од Република Ирска.

Другата маска со ознака FFP2 NR D D282 е произведена во Кина, а РЕК Битола за секое парче треба да плати 200,6 денари со вклучен ДДВ. При пребарувањето на „Просејфти“ за таков производ се појавува цена од 0,8 евра за парче. Детали има на следниот линк https://prosafety.com/en/antidust-mask/3506-m-safe-mask-ffp2-nr-certified-en149–6220.html#/logistics_color-blanc_01/logistics_size_tu-one_size?search_query=FFP2%20NR%20D%20D&fast_search=fs

На овој линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/fcc08a8c-f0e2-4df0-b75a-161a70299050 е објавен договорот на сајтот на Бирото за јавни набавки во кој се наоѓа спецификацијата на маската што ја купува РЕК Битола

Фирмата „Ти Ај Ти Солушнс“,основана 2020 година, е во сопстеност на битолчанецот Кирил Мицевски. Фирмата има само едно вработено лице, а е регистрирана за останати деловни помошни услужни дејности (неспомнати на друго место)

Најнови достапни податоци има за 2022 година, во која „Ти Ај Ти Солушнс“ направила вкупен приход од 47.000 евра од кои профит и останале 24.000 евра.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy