Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕ ПАЗАРИТЕ ИЛИ ЌЕ БОЈКОТИРАТЕ? Нов бојкот на маркетите денес во Македонија
Економија

ЌЕ ПАЗАРИТЕ ИЛИ ЌЕ БОЈКОТИРАТЕ? Нов бојкот на маркетите денес во Македонија

07/02/2025

AA

За денеска е најавен нов бојкот на маркетите по минатонеделниот кога прометот во големите трговски ланци беше намален за речиси 50 проценти. Додека граѓаните се повикуваат на нов бојкот поради високите цени на основните прехранбени производи, надлежните најавуваат мерки кои треба да бидат познати во текот на денешниот ден или во понеделник. 

До крајот на неделата треба да завршат и шестмесечните контроли на Пазарниот инспекторат со кои се опфатени дистрибутерите, добавувачите, производителите и трговците по што Инспекторатот треба да излезе во јавноста со податоци.

– Течат контролите на дистрибутерите, добавувачите, производителите и трговците. Надзор се врши врз целокупниот процес, се контролира и колкава е маржата ставена од трговците за период од шест месеци, дали таму е чепкано и врз основа на тој извештај од Инспекторатот, како Влада ќе преземеме соодветни мерки, истакна вчера министерот за економија Бесар Дурмиши.

Според него, легитимно е да има бојкот на маркетите бидејќи одредени компании генерираат огромни приходи на грбот на граѓаните. – Легитимно е да има бојкот на маркетите, го разбирам организирањето на вакви активности зашто одредени субјекти на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат огромни приходи на грбот на граѓаните. Ова нема да го прифатиме и да го толерираме. Ќе ве известиме како ќе постапиме понатаму, подготвени сме да ги преземеме сите мерки што ни се на располагање за да ги спречиме овие незгодни ситуации, рече Дуримиши.

Од Сојузот на стопански комори, пак, велат дека супермаркетите работат со минимални маржи и дека ценовната моќ е кај добавувачите и производителите. Повикувајќи се на резултатите од направена анализа, од ССК посочуваат дека супермаркетите работат со просечна профитна маржа од 0,83 отсто, а производителите и дистрибутерите во просек остваруваат 4,32 отсто. Некои добавувачи имаат профитни маржи над 13 отсто, додека супермаркетите остануваат под 3 отсто, велат од ССК.

– Супермаркетите не се одговорни за зголемувањето на цените, а главната ценовна моќ е во рацете на добавувачите и производителите, кои уживаат значително повисоки профити, додека супермаркетите работат со минимални маржи, наведуваат од Сојузот на стопански комори.

Анализата, како што посочуваат од Комората, покажала екстреми во профитните маржи. Некои производители имаат профитни маржи кои се далеку над оние на супермаркетите.

– Супермаркетите се соочуваат со најголема јавна критика за цените, иако заработуваат значително помалку по производ од добавувачите. На листата на 15 најголеми добавувачи се покажува дека овие компании генерираат големи профити, но вработуваат многу малку луѓе. Тие сочинуваат 11,8 отсто од вкупниот приход на производителите, но 21,3 отсто од нивниот вкупен профит, велат од Комората.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го разбира револтот на граѓаните и дека го поддржува бојкотот, но очекува производителите, дистрибутерите и трговците преку дијалог да го надминат проблемот. 

– И јас сум еден од потрошувачите и понекогаш сум револтиран кога плаќам исти производи по повисока цена од оние цени коишто се во соседството. Ова е дел од проблемот, имаме и други проблеми, како што се друг тип на трговци, со друг тип на производи, како што се лекови, бела техника итн., коишто продаваат производи кои ако се споредат со оние од околината, некогаш се два до трипати поскапи, изјави вчера Мицкоски.

По примерот на Хрватска, минатиот петок во земјава се одржа првиот бојкот на маркетите кој резултатираше со речиси преполовен промет во големите трговски ланци. Според податоците што ги објави Управата за јавни приходи, вкупниот промет во осумте поголеми трговски ланци во земјава бил намален за 46,59 отсто во споредба со претходниот петок, а за 46,29 проценти во однос на четвртокот. 

– Податоците од системот за регистрирање на готовински промет  (GPRS), односно регистриран готовински промет во осумте поголеми синџири на маркети на територијата на целата држава за деновите 24, 30 и 31 јануари 2025 година покажуваат дека вчера 31.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 114,293,367 денари. Во четврток, 30.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 212,782,151 денари, а во петок, 24.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од  213,985,705 денари, информираа од УЈП.

Бојкотот на маркетите започна во Хрватска, а се прошири и во дел од останатите држави во регионот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија

19/06/2026
Македонија

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица

19/06/2026
Македонија

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов

19/06/2026
Македонија

Македонец се заразил со зика вирус на Малдиви

19/06/2026
Македонија

ВИДЕО Пожар на дива депонија во Долно Лисиче, пожарникарите на

19/06/2026
Македонија

Обвинителството бара 30 дена притвор за осомничениот за пожарот пред

19/06/2026
Македонија

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба против две службенички

19/06/2026
Македонија

ОЈО поднесе обвинение против серискиот убиец од Старо Нагоричане

19/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија во притвор, а 5 во

19/06/2026

Иако Основниот кривичен суд Скопје експресно ги одреди мерките за притвор на приведените во мега-скандалот во ФФМ, главниот предизвик за

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица приведени

19/06/2026

Во изминатото деноноќие полицијата регистрирала вкупно десет случаи на семејно насилство на подрачјата на Скопје, Кочани, Штип, Делчево, Велес и

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов договор за истражување во Јонското

19/06/2026

Групациите HELLENiQ ENERGY и Chevron потпишаа нов договор за заедничко истражување на јаглеводороди во рамки на постојната концесија за Блокот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy