Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕ ГИ ПРИФАТИМЕ ИЗДРЖАНИТЕ СУГЕСТИИ ЗА ЗАКОНОТ Најмалку 60 професори учествувале во изработката на предлог-законот за високо образование
Македонија

ЌЕ ГИ ПРИФАТИМЕ ИЗДРЖАНИТЕ СУГЕСТИИ ЗА ЗАКОНОТ Најмалку 60 професори учествувале во изработката на предлог-законот за високо образование

10/02/2026

AA

Новиот закон за високо образование ќе донесе подобар квалитет на академската едукација и ќе ја унапреди позицијата на македонските универзитети на глобалните ранг листи. Ова ќе го постигнеме со зајакнати критериуми за избор во академски звања, што ќе стимулира изработка на повеќе научни трудови, како и со реорганизација на дел од студиските програми и воведување модуларност.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска за време на денешното гостување во емисијата „Директно“ на ТВ Телма, каде во фокус на разговорот беше новото предлог законско решение за високото образование.

– Најмалку 60 професори учествуваа во изработка на новата законска рамка. Основата е дадена и продолжуваме со јавна дебата на сите државни универзитети. Законот е објавен и на владиниот ЕНЕР систем и секој може да даде придонес во унапредување на содржината. Тоа што ќе биде издржано, секако ќе прифатиме – рече Јаневска, нагласувајќи дека со законот се унапредуваат и студентските права, односно се враќаат дел од оние кои беа укинати во 2018 година.

На студентите пак, кои се добитници на Инженерски прстен, се прогласени за најдобри во генерацијата или студирале на некој од најдобрите 100 светски универзитети, ќе им се даде предност при вработување на државните високообразовни установи.

Министерката посочи дека во моментов има многу студиски програми на државните универзитети со по 3 или 5 студенти за кои се ангажирани голем број професори, кои пак, можат да бидат многу попродуктивни доколку се ангажираат за развој на образованието, за забрзување на дигитализација, развој на науката и други повисоки цели. Затоа, како што рече, неопходна е реорганизација на дел од студиските програми.

– Се разбира, лажни се информациите кои се пласираат во јавноста дека би се укинале студиски програми на кои има малку студенти, а се од национален интерес како оние по македонски јазик и литература, национална историја, филозофија и други – рече министерката.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy