
„ЌЕ ГИ ПОБЕДИМЕ“, РЕЧЕ ВУЧИЌ НА ИНСТАГРАМ: Вечерва ќе се обрати до нацијата официјално
Српскиот
претседател Александар Вучиќ се огласи на својот Инстаграм профил утринава по
преговорите во Брисел.
Вучиќ им се
заблагодари на граѓаните на Србија и најави дека вечерва ќе и се обрати на
нацијата.
„Анализирам што
се случи. Се боревме максимално во тешки услови и се боревме за иднината на
Србија во мир, за продолжување на инвестициите во нашата земја. И ја одржуваме
нашата заклетва и Уставот на Србија и Косово и Метохија како дел од Србија“,
рече српскиот претседател.
Како што изјави,
„по тешка, верувам успешна борба, во Брисел, вечерва им одговарам на сите
политички и медиумски манипулатори кои би ја згазиле сопствената држава за
ронка власт. Србија нема цена, тоа е нешто што никогаш не го разбрале. Ќе ги
победиме. Србија ќе победи“.

