Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ќе добијат ли малите акционери на Мермерен комбинат Прилеп понуда што не се одбива?
Економија

Ќе добијат ли малите акционери на Мермерен комбинат Прилеп понуда што не се одбива?

03/04/2023

AA

За тоа колку вреди акцијата на Мермерен комбинат досега сме се увериле од дивидендите што ги плаќа, а тие достигнуваат и до 40% од книговодствената вредност на акцијата. Според наши неофицијални сознанија новиот сопственик е спремен да плати 5 милиони евра за сите акциите на малите акционери, а тоа би било 2,4 пати повеќе од последната пазарна цена на таа акција

Новиот доминантен акционер во Мермерен комбинат Прилеп нема да штеди пари да ги откупи сите слободни акции во најголемата компанија за експлоатација на мермер во Македонија, дознава „Фактор“.

Преку сервисот СЕИ НЕТ на Македонската берза прилепската компанија потврди дека добила известување дека новиот доминантен сопственик „Долит Инвестмент“, согласно со важечкиот закон, ќе даде понуда за превземање на сите слободни акции во прилепската компанија.

Според нашите информации цената што би ја понудил новиот мнозински акционер е понуда што нема да може да се одбие и таа може да изнесува и 100 евра во денарска противвредност за секоја акција од малцинските акционери.

Понудата ќе биде објавена наскоро, а таа ќе важи за сопствениците на околу 504.000 акции. Помалиот дел од овие акции се во сопственост на 75 домашни физички лица кои поседуваат 0,75 отсто од акциите. Поголемиот дел од акциите односно точно 10 отсто се на старателски сметки во грчката Пиреус банка која само формално е акционер во Мермерниот комбинат. 

Доколку оваа неофицијална информација се официјализира тоа значи дека новиот сопственик „Долит Инвестмент“ ќе депонира во некоја од нашите деловни банки 5,04 милиони евра кои ќе бидат наменети за исплата на сите акции на малцинските акционери кои сакаат и се подготвени да ги продадат акциите на новиот мнозински акционер.

Секако дека за да биде прогласена за успешна понудата за превземање мора да се сложат и акционерите чии права ги претставува грчката Пиреус банка.

Прилепскиот Мермерен комбинат важи за многу успешна домашна компанија, која најголем дел од своето производство го пласира во извоз. Во 2022 година ова друштво имаше продажба на мермер вредна над 30 милиони евра, а профитот по оданочување изнесува 14 милиони евра. Токму со овој профит ќе располагаат новите сопственици претставени во компанијата „Долит Инвестмент“.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ СУДСКИТЕ ОДЛУКИ Министерството за правда за

12/10/2026
Македонија

НА ИВА МИХАИЛОВА Ѝ БИЛЕ ОДЗЕМЕНИ И ДВАТА ПАСОШИ!? Станува

12/10/2026
Македонија

ИЛИЈАНА ЈОТОВА УПОРНО „БАРА ПРИЕМ“ КАЈ ИВА МИХАЈЛОВА, АМА НЕМА

12/10/2026
Македонија

РАСТОТ НА БДП И НИСКАТА ИНФЛАЦИЈА НЀ ВБРОЈУВААТ ВО НАЈУСПЕШНИТЕ

12/10/2026
Македонија

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ БУКОЈЧАНИ – КИЧЕВО Се гради клучната

12/10/2026
Македонија

БЕГСТВОТО НА МИХАИЛОВА ИСПРАЌА СЕРИОЗНО ПОГРЕШНА ПОРАКА! МНР ќе ги

12/10/2026
Македонија

МВР НЕМА ЕВИДЕНТИРАН ИЗЛЕЗ НА ИВА МИХАИЛОВА ОД ЗЕМЈАВА Нејзиниот

12/10/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ЗАМИНА НА ЛЕКУВАЊЕ ВО БУГАРИЈА Границата ја поминала

12/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46122
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ СУДСКИТЕ ОДЛУКИ Министерството за правда за случајот со Ива Михаилова

12/10/2026

Министерството за правда изразува загриженост во врска со случајот со Ива Михаилова и нејзиниот прием на високо ниво во Софија,

НА ИВА МИХАИЛОВА Ѝ БИЛЕ ОДЗЕМЕНИ И ДВАТА ПАСОШИ!? Станува уште позагадочно како ја поминала

12/10/2026

На Ива Михаилова од Кочани, која е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, пред една година

ИЛИЈАНА ЈОТОВА УПОРНО „БАРА ПРИЕМ“ КАЈ ИВА МИХАЈЛОВА, АМА НЕМА ПОИМ КАКО ВЛЕГЛА ВО БУГАРИЈА!?

12/10/2026

Бугарската претседателка Илијана Јотова најави дека ќе се сретне со Ива Михаилова при првата можност, но нагласи дека сè уште

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy