Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Џеј-Ди Венс даде ултиматум: „Договорете се или ќе си одиме“ – стигаат реакции од Русија, Украина и ЕУ
Македонија

Џеј-Ди Венс даде ултиматум: „Договорете се или ќе си одиме“ – стигаат реакции од Русија, Украина и ЕУ

23/04/2025

AA

Американскиот Потпретседател Џеј-Ди Венс рече дека САД дале „многу јасен предлог“ до Русија и Украина за можното мировно решение, велејќи дека е „време тие да се согласат или САД ќе се повлечат од процесот“.

Предлогот на САД би значел дека Украина ќе мора да се откаже од значителен дел од територијата

„Овие сегашни линии на фронтот, или некаде околу нив, ќе бидат местото каде што на крајот ќе се повлече новата граница на конфликтот“, им рече Венс на новинарите во Индија денеска по посетата на Таџ Махал. Тој додаде дека таквото решение би значело дека и Украина и Русија ќе мора да се откажат од дел од територијата што моментално ја контролираат.

Замрзнувањето на конфликтот долж постојните линии на фронтот би претставувало значително поголема отстапка за Украина, која се обидува да ја врати целата територија на истокот и југот на земјата што Русија ја зазеде од 2014 година, вклучувајќи го и Крим, а особено по руската инвазија во февруари 2022 година.

Според претходниот извештај на Блумберг, САД се подготвени да ја признаат руската контрола врз украинскиот полуостров на Црното Море и да ги олеснат санкциите кон Москва како дел од можниот мировен договор. Претседателот Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина нема да ја признае руската окупација на Крим, која меѓународната заедница сè уште ја признава како украинска територија.

„Ќе мора да има размена на територии“

„Ќе мора да има одредена размена на територии“, рече Венс, додавајќи дека границата можеби нема точно да ја следи сегашната линија на фронтот, но дека за да се запре крвопролевањето, двете страни треба „да го положат оружјето, да го замрзнат конфликтот и да се свртат кон изградба на подобра Русија и подобра Украина“.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела предупреди дека е подготвен да се повлече од сите напори за постигнување мир во Украина доколку наскоро не се постигне договор. Неговиот пратеник Стивен Виткоф ќе отпатува во Русија на крајот на неделата, откако веќе трипати се сретна со рускиот претседател Владимир Путин откако Трамп ја презеде функцијата. Тој ја опиша последната средба како „убедлива“.

Венс рече дека е „оптимист“ за преговорите и посочи дека сите страни до сега преговараат со добра волја.

Разговорите планирани за денеска во Лондон меѓу највисоките функционери од САД, Украина и клучните европски сили беа намалени на техничко ниво откако американскиот државен секретар Марко Рубио го одложи неговото пристигнување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутно прекин на огнот

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека е договорено примирје меѓу Израел и Иран.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy