
Ќе биде ли блокирано кон Грција за празниците?
Грчките медиуми пренесуваат дека за време на претстојната празнична сезона нема да има блокади низ Грција, со цел да им се овозможи на граѓаните и туристите непречено патување.
Според информациите објавени од „Grckainfo.com“, земјоделците донеле одлука привремено да ги прекинат секојдневните протести и блокади. Патиштата и граничните премини ќе останат целосно отворени во два клучни празнични периоди:
Оваа одлука доаѓа како олеснување за сите оние кои планираат да ги поминат новогодишните и божиќните празници во соседна Грција, со оглед на претходните најави за можни застои на патната инфраструктура.
