Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ќе бидат ли побрзи? – Николоски: Владата ќе донира 100 нови комби возила за Пошта!
Македонија

Ќе бидат ли побрзи? – Николоски: Владата ќе донира 100 нови комби возила за Пошта!

24/12/2025

AA

Работиме за Македонска пошта како државна пошта конечно да ја издигнеме со квалитет и да обезбедува најквалитетни услуги на пазарот. Иако Македонија ја следи европската пракса за регулација на поштенскиот пазар, таквата работа создава главоболка во услови кога државната пошта како општествена компанија реализира услуги кога никој друг тоа не го прави. Затоа Владата ќе донира 100 нови возила за Пошта, а се размислува за законски измени со кои ќе се променат работите, истакна вицепремиерот Александар Николоски на Јавниот состанок на Агенцијата за пошти. 

Како што потенцира, целта е да се заштити државниот капитал, да се издигне Пошта на поквалитетно ниво  и да се избегне праксата на претходните Влади кои сакале да го продаваат државниот капитал.   

“ Ние би сакале Македонска пошта да расте и би сaкале да нaпредува и овие директиви во услови кога не сме членки на ЕУ ни создаваат главоболки во делот на државната пошта затоа што да бидеме фер и да бидеме отворени, многу е лесно да се земе дел од пазарот кој одговара, а Македонска пошта да има општествена одговорност и на пример да носи писма во услови кога никој друг тоа не го прави.  Или сите подденакво ќе го носат товарот или ќе носиме други одлуки затоа што мојата намера е да се крене Пошта,  а не вака да пропаѓа како што пропаѓа  И во таа насока повторно доаѓаме до ЕУ, а тое е барањето во Планот за раст да се подобри ефикасноста на услугите и намалување на трошоците за 15 %, како и подобрување на индикаторите за профитабилност за 15 %, што во услови кои ги кажав претходно не можеме да ги оствариме. Да најавам дека ќе има законски измени кои што ќе одат во насока да се променат работите”- се обрати вицепремиерот Николоски.

Тој најави нови инвестиции во државната пошта.   

Во следниот месец дена Пошта ќе добие како донација од Владата 100 возила, од кои 90 се помали комби возила и 10 поголеми возила, а исто така работиме на една програма за помош во делот на софтвер, сортирки за работа и просторни услови како би ги довеле до ситуација да даваат најдобри услуги на пазарот.  Во таа насока соработката со Агенцијата има клучна улога и мислам дека треба да соработуваме” – рече Николоски. 

Тој истакна дека е-трговијата ќе зема се поголем замав како тренд за кој приватните пошти треба да се борат на пазарот. 

 Во моментот на домашниот пазар работат 29 правни лица, од кои  28 приватни пошти и АД Пошта на Македонија, како државна компанија со индивидуална дозвола за обезбедување на универзална услуга. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy