Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ќе ја интензивира ли Јавното обвинителство предистражната постапка за предметот според кој Телеком треба да плати 4 милиони отштета на човек фирма?
Економија

Ќе ја интензивира ли Јавното обвинителство предистражната постапка за предметот според кој Телеком треба да плати 4 милиони отштета на човек фирма?

06/12/2024

AA

Јавното обвинителство работи на предистражната постапка за предметот во кој
е донесена одлука Телеком да плати отштета од 4 милиони евра на човек фирма од
Штип.

Се очекува во обвинителството да се забрза работата, особено откако Владата упати
остри критики за отсуството на резултати од работата на обвинителството, по што
следеа интерни контроли. Постапката во Обвинителството почна откако
вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, пред
неколку месеци го испрати предметот за натамошно разгледување.

Се работи за предметот во кој Апелација, преиначувајќи ја првостепената
одлука, пресуди Телеком да плати 4 милиони евра отштета на човек фирма од Штип. Фирмата
имала склучено договор со Телеком во периодот од 2001 до 2002 година.
Договорот бил раскинат од Телеком поради
неплаќање на обврските од страна на фирмата. Потоа почнал долг судски спор
пред првостепениот Граѓански суд во Скопје, кој минатата година пресудил во
корист на Телеком, бидејќи судот утврдил дека се работи за фирма со еден
вработен, која повеќе години била со блокирана сметка, а е повторно активирана
непосредно по донесување на пресудата на Апелациониот суд. Фирмата не дала ниту
доказ за број на претплатници, инвестиции и слично.

Во Телеком државата има удел од 35 отсто, па ваквата судска пресуда ќе значи и
помал принос во државната каса по основ на дивиденда. Детални информации за
случајот се испратени и во Владата и во Министерството за транспорт и врски,
Министерството за правда, Министерството за дигитална трансформација и до
Генералниот секретаријат на Владата. Во информацијата се споделени низа докази
за повреди на Законот за судови и Законот за парнична постапка, но и сериозни
индиции за недозволени влијанија помеѓу судии и адвокати на човек фирмата на
која и беше досудено да наплати отштета
од 4 милиони евра. Покрај тоа, констатирано е дека во преиначената пресуда од
Апелација се споменуваат документи на Телеком кои воопшто не биле дел од
постапката, а дел од правниот тим на штипската фирма е и лице кое до 2015
година работело во Телеком во секторот за правни работи.

За истиот предмет по претставка за судијката
известител расправаше и Републичкиот судски совет, по што беше усвоен извештај
во кој беа констатирани низа
незаконитости во постапката, меѓу кои и дека бил потпишан записник и пресуда
без да се видат списите за предметот, како и дека пресудата со која се
преиначува првостепената одлука била донесена без одржување на јавна расправа,
што е спротивно на Законот за парнична постапка. Републичкиот судски совет се
очекува да закаже нова седница на која ќе се разгледува одговорноста на
судиите. За истиот предмет постојат повеќе претставки до РСС, кои според
најавите ќе бидат споени, а една од нив е поднесена од претседателката на
Апелациониот суд Мери Дика Георгиевска. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА

13/02/2026
Македонија

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани

13/02/2026
Македонија

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ

12/02/2026
Македонија

НÈ ЧЕКА ВРНЕЖЛИВ ВИКЕНД И ЗАЛАДУВАЊЕ Продолжува променливото време

12/02/2026
Македонија

Касами: Сè додека Беса учествува во Владата како дел од

12/02/2026
Македонија

БЕСА ГО ОТВОРИ ПАТОТ ЗА СПОЈУВАЊЕ ВО ПАРТИЈА „ВРЕДИ“ Движењето

12/02/2026
Македонија

Година на странски туристи: Туризмот во Македонија со раст од

12/02/2026
Македонија

Дефект на водовод блокираше пат: Свлечиште го отсече селото Татар

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41397
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА ГО СЛЕДЕЛЕ Петрушевски има 3

13/02/2026

Наместо да објасни зошто по скандалот со запленетата марихуана заминал во Грција на „консултации” кај неговиот ментор Заев, лидерот на

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани менторот, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

13/02/2026

Лидерот на СДСМ Венко Филипче да каже зошто со неговиот претходник Зоран Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ СЛУЖБИТЕ Филипче има идеја како

12/02/2026

  Лидерот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Канал 5 вели дека нема комуникација ниту координација со претседателот на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy