
Дводневен скрининг за жителите на Трубарево по пожарот со електронски отпад
Министерството за здравство, во соработка со Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија, започна дводневен скрининг на жителите на Трубарево и околните населени места, по неодамнешниот пожар во објект за електронски отпад. Акцијата се реализира денес и утре (24 и 25 септември).
Скринингот се спроведува од две мобилни екипи со амбулантни возила, поставени кај маркетите „Бренд“ и „Флорида“. Прегледите се бесплатни и наменети за сите заинтересирани, особено за граѓани кои имаат проблеми со дишењето или симптоми што можат да укажуваат на заболувања на дишните патишта.
Програмата опфаќа комплетен клинички преглед, спирометрија, ЕКГ и други потребни испитувања.
Со оваа активност, надлежните очекуваат навремено откривање на евентуални здравствени ризици кај населението, со цел обезбедување адекватна заштита и превенција.
