Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Двегодишно дете на интензивна нега по напад од улични кучиња во Битола
Македонија

Двегодишно дете на интензивна нега по напад од улични кучиња во Битола

09/02/2026

AA

Двегодишно дете се наоѓа на одделот за интензивна нега на Клиниката за детска хирургија во Скопје, откако било нападнато од улични кучиња во близина на својот дом во Битола. Поради сериозноста на повредите, од битолската болница итно било префрлено на скопските клиники.

Директорот на Клиниката за детска хирургија, д-р Лазе Јовчевски, информира дека детето веднаш по приемот било внесено во операциона сала, каде што му биле згрижени раните. Повредите се на лицето, вратот, градниот кош и стомакот. Во моментов детето е во стабилна општа состојба и се лекува на интензивна нега. Применa е антитетанусна профилакса и соодветна терапија.

Според лекарите, времето на заздравување кај вакви повреди е индивидуално. Д-р Јовчевски посочува дека детето имало среќа што најголемиот дел од раните се плитки. Тие се обработени, а како што објаснуваат хирурзите, рани од каснување од куче не се затвораат херметички. Очекувањата се дека исходот ќе биде поволен.

Нападот се случил пред два дена во попладневните часови, додека детето си играло во близина на семејната куќа. Од СВР Битола соопштија дека на 06.02.2026 во 15:53 часот лекар од Клиничката болница Битола го пријавил случајот, откако кај нив било донесено детето со тешки телесни повреди. Потоа било транспортирано во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.

Инаку пред неколку дена скопјанка беше искасана од глутница кучиња додека трчала на Кејот на Вардар. Таа пријавила дека борбата со кучињата траела околу пет минути и дека добила седум угризи. Помош побарала во болницата „8 Септември“, каде примила тетанус-вакцина.

Според податоците на МВР, од почетокот на годината до сега 109 граѓани од Скопје пријавиле дека биле каснати од кучиња скитници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy