
Две жени пренесени на клиника, се заглавиле во лифт и вдишиле чад од пожарот во Универзална
Денеска избувна пожар во Универзалната сала во Скопје, која во моментов се реконструира.
Причината за пожарот дополнително ќе се утврдува.
Две жени кои живееле во зграда во близина на Универзална се пренесени на Клиниката за токсикологија поради вдишување чад.
Според информациите, тие не вдишиле во салата, туку откако пукнале прозорите на зградата во која живеат, по што внатре влегол чад.
Од МВР пак велат дека со возило на Итна медицинска помош во Клиниката за токсикологија се однесени две лица Е.С. (48) и А.Т. (41) поради вдишување на чад.
„Од страна на екипи на ЕВН во целата околина на салата е прекинато снабдувањето на електрична енергија, при што на ул. „Петар Поп Арсов“ во лифтовите на зградите имаше заглавени две жени, кои беа извлечени од страна на Единицата за интервентна полиција“, велат од МВР
