Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДВЕ ЗЕМЈИ ЌЕ ПРОФИТИРААТ: Ќе има недостиг на бакар
Економија

ДВЕ ЗЕМЈИ ЌЕ ПРОФИТИРААТ: Ќе има недостиг на бакар

05/01/2024

AA

Светот се соочува со невиден недостиг на бакар. Тој допрва ќе биде атрактивен за странските купувачи. Победници на бакарниот бум ќе бидат главно две држави, Чиле и Перу, проценува BMI. Тие имаат големи резерви на литиум и бакар и ќе имаат корист од зголемените инвестиции и повисокиот извоз. Чиле има околу 21 отсто од светските резерви на бакар.

Зголемената побарувачка поттикната од транзицијата кон зелена енергија и веројатното слабеење на американскиот долар во втората половина на 2024 година ќе ги зголеми цените на бакарот, се наведува во извештајот на BMI, истражувачката единица на Fitch Solutions.

На неодамнешната конференција за климатски промени COP28, повеќе од 60 земји го поддржаа планот за тројно зголемување на глобалниот капацитет за обновлива енергија до 2030 година, што, според Ситибанк, „би било исклучително поволно за бакарот“.

Во декемврискиот извештај, американската инвестициска банка предвиде дека поамбициозните цели за обновлива енергија ќе ја зголемат побарувачката за бакар за дополнителни 4,2 милиони тони до 2030 година.

Тоа потенцијално би ги зголемило неговите цени на 15.000 долари за тон до 2025 година. Тоа е значително над рекордните 10.730 долари за тон постигнат во март лани. 

На почетокот на месецов, се зголемија цените на златото и среброто. 

foto freepik.com/alexgrec

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy