Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Две пациентки добија увид во истрагата за Онкологија на Обвинителството
Македонија

Две пациентки добија увид во истрагата за Онкологија на Обвинителството

15/09/2023

AA

Она што можам со сигурност да ви го кажам е дека постапката тече, сѐ уште се собираат докази и податоци и сметаме дека се на прав пат. Се уверивме во посветеноста на двете обвинителки одговорни за случајот и очекуваме позитивен исход од целата истрага.

Ова го објави на фејсбук Елизабета Ристовска, една од пациентките вклучени во истрагата на Јавното обвинителство за случајот Онкологија.

– Добар ден драги соборци и соборки и сите засегнати од случајот Онкологија. Денес за прв пат јас и Катерина Милошева бевме повикани од страна на ОЈО и сме запознаени со предистражната постапка. Ви ветувам дека таму ќе бидеме достојни претставници кои ќе учествуваат активно во целиот процес. Во име на Јавните обвинителки ве замолувам сите кои имате некакви неправилности во лечењето, недобивањето потпис за одреден лек, терапија или сте се соочиле со каков било проблем, кој е поткрепен со факти да ги исконтактирате ОЈО или испратете ми име, презиме и матичен број за да биде покрената истрага и ќе помогне во целокупниот случај, стои во нејзината објава на фејсбук.

Дополнува дека мирниот собир секој ден во 19 часот пред ОЈО продолжува.

Средбата следува откако Обвинителството информираше дека неформална група пациенти од Клиниката за онкологија доставила список од тројца директни пациенти и еден близок сродник на пациент на Клиниката кои би биле вклучени и би добиле директен увид во сите докази прибрани во текот на постапката.

Наводите за злоупотреба на терапијата за рак на Клиниката за онкологија предизвика низа реакции од сите страни. Надлежните уверуваат дека се прибираат докази и се истражуваат наводите за сторени кривични дела, а граѓаните и пациентите организираат протести барајќи одговорност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПЕТМИНА ЛЕКАРИ ОД БИТОЛА ЌЕ ОДГОВАРААТ ЗА СМРТТА НА ПАЦИЕНТКА

01/10/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45904
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПЕТМИНА ЛЕКАРИ ОД БИТОЛА ЌЕ ОДГОВАРААТ ЗА СМРТТА НА ПАЦИЕНТКА СО ТРОМБОЗА Не ѝ ја

01/10/2026

Битолското обвинителство поднесе обвинение против петмина лекари поради несовесно лекување што резултирало со смртен исход на пациентка. Врз основа на

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy