Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Две недели откако се сликаа и испратија со хеликоптер, ФЗО даде негативно мислење за лекување на Леонид во Виена
Македонија

Две недели откако се сликаа и испратија со хеликоптер, ФЗО даде негативно мислење за лекување на Леонид во Виена

20/02/2024

AA

Пред точно две недели главната вест во медиумите беше првиот меѓународен лет во историјата на Македонија со хеликоптер, со кој за медицинско лекување од Скопје до Виена, Австрија беше транспортиран пациент – младото момче Леонид Индов.

Наместо тоа, за само две недели откако Леонид е во Виена, првостепената комисија од Фондот за здравствено осигурување дала негативно мислење во однос на лекувањето на Леонид во странство, и покрај конзилијарното мислење на докторите кои го препорачале лекувањето и рехабилитацијата. За ова првично соопшти заменик народниот правобранител Јован Андоновски на својот профил на Фејсбук, пишува Мета.мк

„Фондот за здравство и покрај конзилијарното мислење дека лицето мора да се лекува во странство, носи решение со кое се одбива барањето‼️ При тоа, во решението воопшто не се наведува која установа ја нуди потребната услуга, туку само дека лекувањето е можно во Македонија. Државата си игра со човечки живот. Барам ФЗО да ја преиспита одлуката“, напиша Андоновски.

Мета.мк стапи во контакт со таткото на Леонид, Бранко Индов, кој вели дека за неговиот син не постои друга надеж освен лекување и рехабилитација надвор од државата.

Индов минатото лето доживеа тешка несреќа додека беше на патување во Грција, каде ги повреди третиот, четвртиот и петтиот пршлен. Тој итно беше пренесен во Солун каде му беа направени неколку успешни операции, за кои се собираа средства од над 200 илјади евра. Младото момче во моментов дише на апарати и не може да ги движи екстремитетите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy