ДВЕ ЛИЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ, А НЕКОЛКУ АВТОМОБИЛИ СЕ ОШТЕТЕНИ – рачна бомба експлодирала во Северна Митровица
Две лица се повредени синоќа во Северна Митровица откако рачна бомба експлодирала нешто пред полноќ на улицата Кнез Милош, во непосредна близина на мотелот „Бишевац“.
За Косово онлајн заменик-командантот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани, потврди дека две лица се повредени, а неколку автомобили се оштетени.
„Околу 23 часот и 50 минути се случи експлозија во Северна Митровица. Две лица се повредени, ќе видиме зошто дошло до експлозијата, истрагата е во тек“, изјави Елшани.