
Два силни земјотреси го погодија Тајван на десет минути еден од друг
Два силни земјотреси во рок од десет минути еден од друг го погодија денеска кинескиот регион Тајван, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Првиот земјотрес со јачина од 5,6 степени е регистриран на длабочина од 33 километри.
Седум минути подоцна следеше вториот, посилен, со јачина од 5,7 степени, на длабочина од 10 километри.
Се уште нема информации за евентуална материјална штета и повредени.