
Два пати си ја истепал сопругата на улица во Аеродром!
На 21.05.2025 во 00:28 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена од скопско пријавила дека околу 00.10 часот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот сопруг Ѓ.И.(39), кој ѝ го оштетил мобилниот телефон и кој потоа физички нападнал ѝ едно машко лице.
Исто така, истиот ден во 18:40 часот таа пријавила дека на паркинг-простор на подрачјето на Гази Баба, сопругот повторно физички ја нападнал и го оштетил нејзиното возило.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот