Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МЗТ моќно го почна финалето, ТФТ цела втора четвртина не даде ниту еден кош (ФОТО)
Спорт

МЗТ моќно го почна финалето, ТФТ цела втора четвртина не даде ниту еден кош (ФОТО)

22/05/2025

AA

Кошаркарите на МЗТ Скопје го направија првиот од трите потребни чекори за одбрана на шампионската титула, откако вечерва, на домашен терен, лесно и убедливо го совладаа тимот на ТФТ (67-49) во воведниот меч од финалната плејоф-серија.

По релативно неизвесната прва четвртина, во која гостите со четири тројки одржуваа резултатска неизвесност, победникот беше решен во вториот период во кој домаќинот заигра пеколна одбрана. Аеродромци со серија 18-2 дојдоа до огромни плус 17 (43-26) со што го решија прашањето околу тимот што ќе ја „удри првата рецка“. До крајот се играше колку да се одигра, а за одбележување е ужасниот напад на гостите од Тафталиџе, кои шутираа со неверојатна 22,7-отстотна прецизност.

 

Војдан Стојановски со 12 поени беше најпрецизен кај актуелниот првак, додека зад него според учинокот беа Дамјан Стојановски со 11 поени и Андреј Андоноски со девет поени и двајцата со по шест скока. Кај ТФТ, разбирливо, немаше ниту еден со двоцифрен поентерски ефект, а за одбележување е играта на Хотон кој имаше седум поени и 12 скока.

Вториот меч исто така се игра во „Јане Сандански“ и тоа в понеделник со почеток од 19.30 часот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
Македонија

СДСМ СОЗДАВА ЛАЖЕН НАРАТИВ ЗА ЕСМ Платите не доцнат, туку

08/11/2026
Македонија

СДСМ И ВЕНКО ПРВО ДА НАУЧАТ КОЈ Е НАДЛЕЖЕН ЗА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46658
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од Врапчиште доби пријава по расправија

08/11/2026

Двегодишно дете било однесено во Швајцарија без знаење и согласност на неговата мајка, откако таткото претходно се скарал со сопругата.

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ ИМИЊА“ На протести во Скопје

08/11/2026

Со пораките „Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“ и „Не бараме сочувство, бараме одговорност“ граѓани и активистки во Скопје

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy