Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Два од два за македонскиот првак во Нови Сад: МЗТ лесно ја преслуша Шибенка (ФОТО)
Спорт

Два од два за македонскиот првак во Нови Сад: МЗТ лесно ја преслуша Шибенка (ФОТО)

02/02/2024

AA

Македонскиот шампион МЗТ Скопје ја оствари шестата победа оваа сезона во АБА 2 лигата и е многу блиску до официјален пласман во плејофот од регионалното натпреварување.

Аеродромци денеска го совладаа хрватскиот претставник Шибенка со 93-77 за „два од два„ на турнирот во Нови Сад откако во претходното коло беа подобри од Шенчур. Не само што нашиот тим речиси постојано беше во водство, туку цело второ полувреме предноста беше двоцифрена, а највисоката изнесуваше 24 поени.

Шибенка парираше само во првата половина од виведната четвртина кога и поведе со 9-4. МЗТ Скопје го презеде водството по серијата од 10-0, пред крајот на кварталот дојде до +7, а по уште една низа, сега од 11-0 во вториот период отиде на 44-30. Уште тогаш беше јасно дека победата нема да биде доведена во прашање.

Шестмина кошаркари на МЗТ Скопје постигнаа двоцифрен број поени, најмногу (16) Делалиќ, но придонес во победата дадоа сите кои се појавија на теренот. Пред шампионот е уште еден дуел на турнирот во Нови Сад, против домаќинот и голем фаворит Војводина, в недела во 18 часот. Шибенка останува на последното место на табелата со само една победа во досегашните девет кола.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy