Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Двајца возрасни и еден малолетник од Струшко осомничени за полови дејствија со деца
Магазин

Двајца возрасни и еден малолетник од Струшко осомничени за полови дејствија со деца

25/03/2023

AA

Поради основано сомнение дека сториле кривични дела – Силување на дете кое не наполнило 15 години, согласно член 188, Прикажување порнографски материјал на дете по член 193 и Задоволување на полови страсти пред друг согласно член 190 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Струга денеска поведе истрага против две лица, на возраст од 56 и 68 години. ОЈО Струга поднесе и барање за поведување подготвителна постапка против еден малолетник.
 
Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, со претходната постапка во која обвинителството за испитување на целиот случај формираше посебен тим од полициски службеници, експерти од Центарот за социјални работи и стручни лица за детска психијатрија и психологија, беа обезбедени докази кои упатуваат дека првиот осомничен во текот на 2018 и 2019 година, во неколку наврати извршил други полови дејствија врз девојче родено во 2009 година.

Дејствијата ги вршел во неговиот и во домот на оштетената, искористувајќи блиски релации и момент кога родителите на девојчето не биле во близина. Од тие причини тој е осомничен за продолжено кривично дело  – Силување на дете кое не наполнило 15 години.

Вториот осомничен, во текот на пролетта 2022 година, додека продавал прехранбени производи во близина на основно училиште, искористил момент кога две девојчиња родени 2009 година дошле кај него за да купат храна и од својот мобилен телефон им прикажувал снимки со порнографска содржина. Жртвите тој ги допирал и ги наведувал да вршат полови дејствија пред него.

Детето во судир со законот, малолетник роден 2005 година, се обидел да изврши полов однос со употреба на сила врз девојче родено 2009 година. Жртвата го удрила за да се одбрани, по што тој започнал да ја влече и да ја носи зад училишната зграда. Оштетената давала отпор цело време и барала помош. Тој ја соборил со сила на земја и започнал да ја допира, но престанал бидејќи се приближиле други деца.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор и за двајцата полнолетни осомничени и за детето во судир со законот, оценувајќи дека постои опасност тие да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоците/жртвите или да го повторат делото​.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy