
Двајца играчи на Челси сакаат во Баерн Минхен, едниот јавно проговори
Откако Томас Тухел седна на жешкото столче на „Алианц Арена“, медиумите почнаа да шпекулираат како би можеле да изгледаат „баварците“ следната сезона и кои засилувања ќе ги побара стратегот.
Се шпекулира дека Мејсон Маунт би можел да му се придружи на Томас Тухел во Минхен.
Преговорите на Англичанецот за нов договор со Челси се во ќор сокак, па тој е заинтересиран за нова соработка со стратегот под чие водство се промовираше во еден од најдобрите фудбалери од средниот ред во Премиерлигата.
Каи Хаверц исто така би можел да го замени Лондон со Минхен, самиот фудбалер признава дека е тешко да му се каже НЕ на Баерн.
„Баерн е огромен клуб и јас како Германец, тешко ми е да им кажам НЕ. Би сакал одново да соработувам со Тухел. Не знаете што носи иднината, во фудбалот работите се случуваат многу брзо. Никогаш не можете да кажете никогаш“, вели Каи Хаверц.

