
„Два армиски хеликоптери се подготвени за справување со пожари“, рече Петровска
Зголемените високи температури се ризик за појава за пожари на цела територија, но дали армијата е подготвена за справување?
На ова прашање во летното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 одговор ни даде министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Таа вели дека два армиски хеликоптери се подготвени за справување со пожарите низ Македонија.
„Армијата сега за сега не е вклучена затоа што се проценува дека нема потреба од нејзино вклучување меѓутоа согласно правилата и она што значи состојба на подготвеност, уште во месец мај во армијата е дадена наредба од страна на Генералштабот за воведувања на дежурства во Касарните, но и во хеликоптерката единица, кои се на готовност во случај да има потреба од нивно ангажирање“, вели Петровска.