Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дурмиши: Од 18 април секој трговец ќе има обврска да ги објавува цените на веб-страна
Македонија

Дурмиши: Од 18 април секој трговец ќе има обврска да ги објавува цените на веб-страна

16/04/2025

AA

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска на прес-конференција го претстави новиот Правилник за објавување на цените на производите, кој произлегува од измените на Законот за заштита на потрошувачите. Новите правила стапуваат на сила од 18 април, а целта е да се обезбеди поголема транспарентност во малопродажната трговија и заштита на животниот стандард на граѓаните.

„Министерството постојано работи на мерки за намалување на цените и стабилизирање на инфлацијата. Резултатите веќе се видливи – според Државниот завод за статистика, инфлацијата во март изнесува 2,7% на годишно ниво, а во однос на февруари е забележана дефлација од -1,3%“, истакна Дурмиши.

Новите законски измени предвидуваат обврска за сите трговци на мало (освен микро трговците со до 10 вработени) да ги објавуваат цените на сите производи на своите веб-страници. Цените мора да бидат јасно прикажани, достапни без регистрација, и ажурирани секој работен ден до 10 часот.

Ценовникот на секој трговец треба да содржи: назив и опис на производот, продажна цена со ДДВ, единечна цена по мерна единица, редовна цена, промотивна цена со попуст во проценти, тип на акција, времетраење на попустот и достапност во конкретниот продажен објект.

„Со оваа мерка, граѓаните ќе можат полесно да изберат каде да ги трошат своите пари. Веруваме дека ова ќе придонесе и кон дополнително намалување на цените во следниот период“, додаде министерот.

Според Министерството, оваа иницијатива ќе придонесе за здрава конкуренција, информираност на потрошувачите и фер пазарни услови.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тошковски со детали за убиството во Чаир: Опфатени се познати

07/09/2026
Македонија

Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови потврдуваат дека локалитетот

07/09/2026
Македонија

Град Скопје се пофали: Потпишавме договор, ќе имаме 3.300 нови

07/09/2026
Македонија

Случај „Државна лотарија“: Обвинителството најави 231 доказ, одбраната вели: Груби

07/09/2026
Македонија

Нискиот опфат на вакцинација го става Прилепскиот регион пред ризик

07/09/2026
Македонија

Пожарот кај Македонски Брод навлегува кон „Јасен“, активирани сите три

07/09/2026
Македонија

Метеоаларм за утре: Високи температури низ цела Македонија!

07/09/2026
Македонија

Пријавен 62-годишник од Свети Николе: Сомнение дека присвоил 82.180 денари

07/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45529
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тошковски со детали за убиството во Чаир: Опфатени се познати сторители, едниот веќе издржува затворска

07/09/2026

Министерството за внатрешни работи веќе располага со првични информации и обезбедени докази за сторителите на синоќешното убиство на 26-годишно момче

Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови потврдуваат дека локалитетот имал култен карактер

07/09/2026

На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени остатоци од средновековни погребувања кои датираат од XI и XII век. Овие најнови

Град Скопје се пофали: Потпишавме договор, ќе имаме 3.300 нови контејнери

07/09/2026

Потпишан е договорот за набавка на 3.300 нови контејнери, со што започнува една од најголемите набавки од ваков тип во изминатите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy