Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ДУРИ И НАЈПРОФИТАБИЛНИОТ СУПЕРМАРКЕТ НЕ Е НИ БЛИСКУ ДО ВОДЕЧКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ“ – ССК со своја анализа за непримерниот раст на цените, еве кој го диктира
Економија

„ДУРИ И НАЈПРОФИТАБИЛНИОТ СУПЕРМАРКЕТ НЕ Е НИ БЛИСКУ ДО ВОДЕЧКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ“ – ССК со своја анализа за непримерниот раст на цените, еве кој го диктира

07/02/2025

AA

Сојузот на стопански комори на Македонија направил анализа на пазарот на супермаркети
наспроти добавувачи, која, како што велат оттаму, ги детектира точките каде растат цените и каде треба да се
интервенира. 

На одржаниот состанок со претставниците на малопродажните синџири и
локалните клучни партнери а врз основа на анализата, се донелеа заклучоци дека е потребна поголема транспарентност во формирањето на цените, Владата и институциите да ги
прошират контролите на цените и во регулацијата да ги вклучат и добавувачите и
увозниците, да се прошират регулаторните мерки со цел да се спречат добавувачите од
манипулации со цените, а потрошувачите мора да знаат кој ги поставува цените што би се
направило преку јавни кампањи за подигнување на свеста. 

„На состанокот, исто така, беше
договорено меѓу сите малопродажни ланци и локалните клучни партнери да не се примаат
нови ценовници, минимум до крајот на првиот квартал оваа година.
Бројките од анализата покажаа дека супермаркетите не се одговорни за зголемувањето на
цените, а главната ценовна моќ е во рацете на добавувачите и производителите, кои
уживаат значително повисоки профити, додека супермаркетите работат со минимални
маржи.
На прашањето кој ги контролира цените одговорот може да се види во профитната маржа.
Супермаркетите работат со просечна профитна маржа од само 0,83%, а производителите и
дистрибутерите во просек остваруваат 4,32%. Некои добавувачи имаат профитни маржи
над 13%, додека супермаркетите остануваат под 3%“, се вели во анализата од Сојузот на Стопански комори.

Анализата покажала екстреми во профитните маржи. Некои производители имаат профитни
маржи кои се далеку над оние на супермаркетите.
Супермаркетите се соочуваат со најголема јавна критика за цените, иако заработуваат
значително помалку по производ од добавувачите.
На листата на 15 најголеми добавувачи се покажува дека овие компании генерираат големи
профити, но вработуваат многу малку луѓе. Тие сочинуваат 11,8% од вкупниот приход на
производителите, но 21,3% од нивниот вкупен профит. 

Ова покажува дека високопрофитабилните компании со мал број вработени имаат
значително поголема моќ врз пазарот отколку супермаркетите. Супермаркетите
вработуваат значително повеќе луѓе отколку производителите, што ја покажува нивната
важност за економијата, велат од ССК. 

Според нив, супермаркетите се важен фактор за вработеноста во државата, додека производителите
генерираат високи профити со значително помалку работници.

„Дури и најпрофитабилниот супермаркет не е ни блиску до профитабилноста на водечките
производители. Некои супермаркети дури и работат со загуба.
Маркетите никогаш не ги зголемуваат цените самостојно, промена на цените се случува
поради промените на цените на производителите или добавувачите и токму поради ова
маркетите се под постојан притисок да се прифатат новите ценовници. Доколку тоа не се
направи, не се испорачуваат производите. Од ова произлегува притисокот врз маркетите и
од потрошувачите или за цените или за недостаток на производи. Само во месец јануари
до маркетите се пристигнати ценовници од над 40 добавувачи и производители во 92
категории и поткатегории производи.
Дополнително, профитната маржа кај маркетите од година во година опаѓа, за разлика од
другата страна каде се зголемува.
Во исто време, меѓународните добавувачи одржуваат значително поголем профит од
супермаркетите. Тие вршат силно влијание врз пазарните цени, ограничувајќи ја
способноста на домашните трговци на мало да ги приспособат цените надолу.
Бројките ја покажуваат вистината, супермаркетите не се причината за зголемените цени.
Додека трговците работат со минимални профити, добавувачите продолжуваат да
остваруваат значителни маржи без да ги намалат цените.
Сојузот на стопански комори на Македонија бара транспарентност и фер одредување на
цените низ целиот синџир на снабдување, па затоа повикуваме на поголема
транспарентност, затоа што време е да се адресира вистинската причина за високите цени
и секој во процесот треба да има одговорност“, се вели во дописот од медиумите од Сојузот на стопански комори.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy