Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДУРИ 15 ПРЕТСТАВКИ ПРЕД УСТАВНИОТ СУД ЗА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ – можен ли е правен хаос на штета на граѓаните и фирмите
Економија

ДУРИ 15 ПРЕТСТАВКИ ПРЕД УСТАВНИОТ СУД ЗА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ – можен ли е правен хаос на штета на граѓаните и фирмите

07/09/2023

AA

Дури 15 претставки се поднесени до Уставниот суд за преиспитување
на уставноста на измените на Законот за облигациони односи, кои беа донесени во јули оваа година.

До овие информации дојде Фактор од Уставниот суд,
од каде потврдија дека се поднесени 15 претставки, а меѓу оние кои ја оспоруваат уставноста, според информациите, се и
Адвокатската комора, потоа неколку поединечни адвокати, Нотарската комора, како и Комората на
извршители. Она што е познато е и дека околу овие претставки веќе се оформени предмети,
и за нив допрва ќе се испитуваат наводите, по што ќе може да се произнесат уставните судии.

Во поднесените
претставки до Уставниот суд, освен преиспитување на уставноста на одредени
членови во законот, се укажува дека со измените се создава нееднаква положба
помеѓу должниците и доверителите, бидејќи казнената камата ја губи својата
правна и финансиска смисла, што ќе има негативни последици. Ваквите измени ќе
ги поттикнат неплаќачите на поголема финансиска недисциплина, а граѓаните и
правните лица кои редовно ги подмируваат своите обврски се ставаат во нерамноправна
ситуација.

Нашите сознанија говорат и дека покрај за Законот за облигациони односи, претставки има и за Законот за извршување. Дали сите поднесоци ќе се разгледуваат поединечно, или ќе се офопрми еден предмет, Уставниот суд набргу ќе го каже сввоето мислење. 

А, како што е познато, клучните поенти на
измените на Законот за облигациони односи се дека со нив се намалува рокот на застареност
на долгот од 10 на пет години, а исто така се ограничува каматата во смисла таа да не може да го надмине главниот долг.

„Законските измени кои беа донесени во јули оваа година,
а чија цел беше да се избришат долговите на граѓаните, креираат несигурност, но и
финансиски загуби кај фирмите. Непрецизноста на одредбите, како и ретроактивното важење
на
законот практично ги наградуваат граѓаните кои не ги исполнуваат навреме своите обврски“,
коментираат тие за Фактор.

Измените на
Законот за облигациони односи и на Законот за извршување, за кој исто така се
пдонесени представки до Уставниот суд значајно влијаат на
наплатата на комуналните услуги, кои и онака имаат ниска стапка на наплата,
особено во делот на потрошувачката на вода.

„Граѓаните кои досега не ги плаќале своите обврски, сега имаат дополнителен
мотив за тоа. Од друга страна стимулирањето на неплаќањето
и ретроактивноста на законот, не само што не влијаат кон намалување на
извршителската такса, туку таа сега ќе им биде пресметувана на фирмите-доверители,
што ќе биде дополнителен финансиски притисок на фирмите. Всушност,
тоа би значело дека фирмите-доверители нема да можат да го наплатат долгот од должниците, а
притоа ќе треба и да платат извршителска такса за предметите кои се на извршување.
Товарот на фирмите ќе се одрази во формирањето на цените, што повторно ќе се одрази на
џебот на граѓаните, а ова особено се однесува на комуналните услуги, струјата,
телекомуникациските услуги и слично“, коментираат познавачите за Фактор.

Поттикнувањето на
финансиска недисциплина ќе влијае и на зголемување на цените на комуналиите,
бидејќи финасиските загуби од ненаплатените побарувања на компаниите за
телекомуникациски услуги, струја, вода и парно ќе предизвикаат раст на цените
на овие услуги. 

Адвокатската комора,
во мислењето кое го испрати до пратениците пред донесувањето на законот предупреди на
правниот хаос и несигурност кој ќе се донесе во земјата, што ќе придонесе кон зголемување
на измами и ќе биде на штета не само на правосудството, туку и на
економијата во земјата. Со сличен став за штетноста на законот се и од Здружението на
даватели на
јавни услуги кои во реакцијата испратена до Собранието посочуваат дека законот ќе ги доведе јавните претпријатија во негативна финансиска состојба,
поради што ќе бидат приморани да ја зголемат цената на комуналните услуги.

Инаку, измени на
Законот за облигациони односи беа предложени уште во 2019
година од пратеникот Самка Ибраимовски, но по јавната расправа која се одржа во Собранието,
а на која присуствуваа преставници од академската заедница, бизнис коморите,
Адвокатската комора, комората на извршители и останати засегнати страни,
тие не беа усвоени од Собранието.

Р.Ф. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy