Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Царина заплени четири тона апчиња и гел за потенција вредни околу 700.000 евра
Македонија

Царина заплени четири тона апчиња и гел за потенција вредни околу 700.000 евра

07/09/2023

AA

Спречена нелегална трговија на 4 тона апчиња и гел за орална употреба за потенција во вредност од 41,7 милиони денари ризични по здравјето на граѓаните, откако царински инспектори од Секторот за контрола и истраги при детален преглед на стоката утврдија дека фирмата која ja внела стоката во државата нема важечко решение за вршење промет на големо со лекови и медицински средства. Воедно стоката е лек кој не е регистриран во Регистарот на лекови што го води Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Северна Македонија и е различно декларирана.

Поради постоење сомневање дека пријавениот сторил кривично дело за нелегална трговија, што е казниво по член 277 од Кривичниот законик, стоката е запленета, а против правното лице ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основно јавно обвинителство Скопје.

Запленети се 48 илјади кутии Орал Џели односно 100 мл гел за орална употреба Камагра, 10.530 ленти со 100 мг таблети Камагра и 7.000 кутии со 100 мг и 150 мг таблети Ценфорце.

Царинската управа го штити здравјето на граѓаните преку обезбедување сигурен и безбеден трговски синџир на лекови, спречувајќи трговија со лекови во државата коишто не се одобрени од Агенцијата за лекови.
Во оваа насока, ќе продолжиме да дејствуваме против нелегална трговија која претставува опасност за нашите граѓани. Притоа, работиме во тесна соработка со Агенцијата за лекови и медициски средства, како и со останатите гранични институции со цел зајакнување на граничната безбедност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид

13/08/2026
Македонија

Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор со гаранција од 500.000

13/08/2026
Македонија

МПЦ-ОА е единствената православна црква во Македонија, реакција на Синодот

13/08/2026
Македонија

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026
Македонија

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна

13/08/2026
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44994
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид

13/08/2026

Малолетната К.Ј. (15) од Охрид, за која вчера беше пријавено дека се оддалечила од домот, денеска е пронајдена, соопшти СВР

Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор со гаранција од 500.000 евра

13/08/2026

Илчо Ѓорѓиоски, поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, е пуштен од притвор и ќе го очекува почетокот на судењето

МПЦ-ОА е единствената православна црква во Македонија, реакција на Синодот

13/08/2026

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ–ОА) излезе со официјална реакција по повод неодамнешната изјава на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy