Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДУИ за Мицкоски: Однесување можеби би му се толерирало на претседател на партиска општинска организација, но никако на премиер на мултиетничка држава
Македонија

ДУИ за Мицкоски: Однесување можеби би му се толерирало на претседател на партиска општинска организација, но никако на премиер на мултиетничка држава

25/04/2025

AA

Од ДУИ велат дека премиерот Христијан Мицкоски, со своето однесување, изјави и постапки, постапува на начин кој ги поткопува стандардите и одговорноста што се очекуваат од еден државен лидер.

„Однесување што можеби би му се толерирало на претседател на партиска општинска организација, но никако на премиер на мултиетничка држава.

Тој урива сè што е градено со труд и посветеност со години – меѓуетничките односи, довербата меѓу граѓаните, лојалноста и чувството на заедништво во оваа држава.

Со напаѓање на клучните столбови на Охридскиот мировен договор – јазикот, балансерот, правичната застапеност, легитимитетот и Инспекторатот за употреба на јазиците – тој го доведува во прашање унитарниот и интегративен карактер на државата.

Затоа денес сериозно прашуваме:

Ако целта е уривање на Охридскиот договор – која е алтернативата?

Зашто во политиката нема вакуум. Ако толку жестоко се спротивставувате на договорот што донесе мир, интеграција, децентрализација и зачувување на унитарноста, тогаш мора отворено да кажете што нудите на негово место.

Граѓаните прашуваат. И сè повеќе се загрижени.

Ако има намерна промена на државниот курс, тогаш време е за отворена и искрена дебата за тоа која е алтернативата на Охридскиот договор.

Бидејќи ние не можеме бесконечно да ја носиме одговорноста за неговата неодговорност“, велат од ДУИ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ахмети со честитка по повод Независноста на Македонија: Албанците не

08/09/2026
Македонија

Сиљановска Давкова: Независноста е трајна задача – да ја градиме

08/09/2026
Македонија

Земјотрес ја стресе Македонија, еве каде бил епицентарот

08/09/2026
Македонија

Осуденик пронајден починат во затвор Идризово

07/09/2026
Македонија

19-годишна девојка загина во несреќа на локалниот пат с.Пиширово-с.Црнилиште

07/09/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: По примерот на 1991 година, потребни ни се единство

07/09/2026
Македонија

Тошковски со детали за убиството во Чаир: Опфатени се познати

07/09/2026
Македонија

Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови потврдуваат дека локалитетот

07/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45535
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ахмети со честитка по повод Независноста на Македонија: Албанците не бараа друга држава, туку еднаквост

08/09/2026

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, по повод 35-годишнината од независноста на Република Северна Македонија упати порака

Сиљановска Давкова: Независноста е трајна задача – да ја градиме Македонија за младите да останат

08/09/2026

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска упати честитка по повод 35 години независна Македонија. „Пред  35 години го доживеавме нашиот трет Илинден,

Земјотрес ја стресе Македонија, еве каде бил епицентарот

08/09/2026

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда, ML 3.9. е регистриран утрово во 5 часот и 40 минути во епицентралното подрачје Охрид-Струга,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy