
ДУИ се откажува од се?! – Адеми: Само нека се изгласаат уставните измени!
Пратеникот од редовите на ДУИ и потпретседател на партијата, Арбр Адеми, во летното издание на „Click Plus“ на ТВ21 изјави дека уставните измени имаат приоритет во партијата.
Според него, тие се подготвени да ја напуштат Владата и да се откажат од други унапредувања кои би им припаднале на оваа партија како најголема опозиција во државата.
„Само гласајте ги уставните амандмани, нека стапат во сила уставните амандмани и ја ослободуваме Владата без никакви дополнителни, политички, партиски барања. Ништо не сакаме“, рече Адеми.

