Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДУИ: 21 ден по трагедијата во Кочани – нема објавени снимки, нема одговорност
Македонија

ДУИ: 21 ден по трагедијата во Кочани – нема објавени снимки, нема одговорност

06/04/2025

AA

Демократската унија за интеграција (ДУИ) обвини дека 21 ден по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 60 млади луѓе, институциите молчат, а вистината сè уште се крие. Во соопштение до јавноста, од партијата предупредуваат дека недостигот на информации и непостапувањето на надлежните органи ја продлабочува болката на семејствата и целата јавност.

„Што се случи со видео надзорот? Знаеме дека серверите преживеале. Дали е точно дека снимките прикажуваат прослави со локални полициски службеници само неколку дена пред трагедијата? Дали тие биле присутни и во самиот ден на настанот? Кој ги чува тие снимки, кој ги сокрива и зошто досега не се објавени?“, прашуваат од ДУИ.

Партијата упати и прашања до Комората на компании за обезбедување, барајќи одговор дали агенцијата „Рубикон“, која го обезбедувала локалот, воопшто поседува лиценца и дали нејзините вработени биле соодветно лиценцирани.

ДУИ го поставува и прашањето за молкот на полицијата: „Целата локална полициска вертикала, од станицата до министерот, знаеле дека локалот работи без лиценца, дека се користат пиротехнички средства и наркотици. И сите молчеле. Денес, 21 ден подоцна, никој не понесе ниту морална, ниту правна одговорност.“

Во заклучок, партијата порачува: „Ова молчење не е само институционален срам – ова е соучесништво. И нема да дозволиме вистината да се скрие, а одговорноста да се избегне.“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ѓорѓиевски: Ако најголемиот грев ни е печатна грешка, тогаш сме

19/07/2026
Македонија

ФОТО Букевал со 6 нозе отстранет од влезот на Скопје

19/07/2026
Македонија

ИЈЗ СО ИТНИ ПРЕПОРАКИ ДО ГОСТИВАРЦИ: Водата од градскиот водовод

19/07/2026
Македонија

Ќе се прогласи епидемија на заразна болест во подрачјето на

19/07/2026
Македонија

Слаб земјотрес регистриран во регионот на Маврово

19/07/2026
Македонија

Водата во Гостивар не смее да се користи, потсетува Институтот

19/07/2026
Македонија

ИСТРАГА ЗА ВОДАТА ВО ГОСТИВАР: Обвинителството во координација со ИЈЗ,

19/07/2026
Македонија

Маж почина по несреќа при сеча на дрва во Пехчевско

18/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44477
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ѓорѓиевски: Ако најголемиот грев ни е печатна грешка, тогаш сме на одличен пат!

19/07/2026

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски со писмена реакција се огласи во јавноста по критиките за техничкиот пропуст на новопоставениот знак на влезот

ФОТО Букевал со 6 нозе отстранет од влезот на Скопје

19/07/2026

По бројните реакции на социјалните мрежи, денеска е отстранет билбордот „Добредојдовте во Скопје“, кој беше поставен во петокот навечер од

ИЈЗ СО ИТНИ ПРЕПОРАКИ ДО ГОСТИВАРЦИ: Водата од градскиот водовод не е безбедна за пиење,

19/07/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упати итен апел и насоки до жителите на Гостивар за користење на водата и превенција

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy