Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДСЗИ не констатира недостатоци во случајот со починатиот пациент од Кардиохирургија 
Македонија

ДСЗИ не констатира недостатоци во случајот со починатиот пациент од Кардиохирургија 

14/04/2025

AA

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) изврши вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ УК за државна кардиохирургија – СКопје.

Истата е по наредба од министерот за здравство Арбен Таравари, а во врска со третманот и лекувањето на сега починатиот пациент T.A од Скопје.

На 08.04.2025 година, пациентот Т.А. беше примен во ЈЗУ УК за државна кардиохирургија – Скопје како итен случај по упат од ЈЗУ ГОБ 8 Септември. Дијагнозата беше дисекција на аорта (Stanford type B). Пациентот бил со силна епигастрична болка и висок крвен притисок при прием. Лабораториските испитувања и терапијата ја стабилизирале неговата состојба, но поради недостаток на стентови за TEVAR интервенција и реновирање на операционата сала, му биле предложени второ мислење и лекување во странство.

Во текот на престојот на клиниката, пациентот развил митрална регургитација, што дополнително го зголемило ризикот од компликации. На семејството им била понудена опција за лекување во странство, која ја прифатиле. За жал, пациентот доживеал нагло влошување на здравствената состојба и починал на 09.04.2025 година.

Иако пациентот бил лекуван конзервативно, со оглед на неговата состојба, стручниот колегиум на клиниката го потврдил како случај на некомплицирана дисекција на аорта. Врз основа на тоа, не беше препорачана хируршка интервенција поради висок ризик за живот. Семейството одбило патоанатомска обдукција, а исто така беше предложена јавна набавка за стентови за TEVAR интервенција по завршувањето на реновирањето на операционата сала.

Министерството за здравство ќе формира комисија за стручен надзор во однос на постапките на здравствените работници во овој случај.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗНАМ ЌЕ ПОЛАГА ДВЕГОДИШНА СМЕТКА ПРЕД ГРАЃАНИТЕ По отчетот во

18/09/2026
Македонија

ВИКЕНДОТ НОСИ OБЛАЦИ, ВЕТЕР И ДОЖД Од понеделник врнежите слабеат,

18/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е ЕДЕН ОД ВРВНИТЕ ПРИОРИТЕТИ НА САД ВО РЕГИОНОТ

18/09/2026
Македонија

ПОЗИЦИИТЕ НА ВЛАДАТА ОСТАНУВААТ ИСТИ Софија реципрочно треба да ги

18/09/2026
Македонија

ЖЕРНОВСКИ ПАК ГО ВОЗИ „МЕРЦЕДЕСОТ НА БРАТУЧЕДОТ“ А богами и

18/09/2026
Македонија

ЕДИНСТВЕНИОТ ОСУДЕНИК ЗА „ЛАСКАРЦИ“ ПОД НАДЛЕЖНОСТ НА КРИВИЧЕН ИЗЛЕГУВА ОД

18/09/2026
Македонија

ВРХОВЕН ОБЈАСНИ ЗОШТО Е УКИНАТА ПРЕСУДАТА ЗА ЛАСКАРЦИ Апелација не

18/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕ НИ ТРЕПНА КОГА СО ЗАЕВ ГО ПРОДАДОА ИМЕТО

18/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45671
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗНАМ ЌЕ ПОЛАГА ДВЕГОДИШНА СМЕТКА ПРЕД ГРАЃАНИТЕ По отчетот во Скопје функционерите тргнуваат на 14

18/09/2026

Две години работа на функционерите на ЗНАМ ќе бидат ставени на отчет пред граѓаните, прво утре во Скопје, а потоа

ВИКЕНДОТ НОСИ OБЛАЦИ, ВЕТЕР И ДОЖД Од понеделник врнежите слабеат, потоа доаѓа постуден воздух

18/09/2026

Времето в сабота, 19 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во крајните северни и источни региони ќе

МАКЕДОНИЈА Е ЕДЕН ОД ВРВНИТЕ ПРИОРИТЕТИ НА САД ВО РЕГИОНОТ Мицкоски откри дека се разговара

18/09/2026

Македонија е врвен приоритет на САД во регионот, а од стратешкото партнерство во следните години треба да произлезат капитални проекти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy