Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДРЖАВНИОТ ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ГО „ТРЕСАТ“ ПРОМЕНИ ВО МЕНАЏЕРСКИОТ ТИМ – отповикан членот на Одборот на директори Ристе Ташев, еве кој го наследува
Економија

ДРЖАВНИОТ ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ГО „ТРЕСАТ“ ПРОМЕНИ ВО МЕНАЏЕРСКИОТ ТИМ – отповикан членот на Одборот на директори Ристе Ташев, еве кој го наследува

14/11/2023

AA

Се случија промени во менаџерскиот врв на државното акционерско друштво Тутунски комбинат Прилеп.

За директорските смени е известена целата инвеститорска јавност преку Македонската берза за хартии од вредност.

Имено, отповикан е членот на Одборот на директори на компанијата Ристе Ташев, а на негово место се избира Горан Тодоров. И двајцата се од Кавадарци. 

„Ристе Ташев од Неготино се отповикува од должноста извршен член на Одборот на директори на Тутунски комбинат АД Прилеп. Се овластува регистрационен агент да поднесе пријава за бришење на упис во трговскиот регистар на РСМ на извршниот член Ристе Ташев. Одлуката стапува во сила на денот на нејзиното донесување“, се вели во објкавената одлука од компанијата која е донесена во текот на вчерашниот ден. 

Од компанијата образложуваат дека согласно Законот за трговски друштва, Собранието на акционери може да ги отповика сите членови на Одборот на директори или на Надзорниот одбор, или пак членопви на овие органи и пред истекот на времето за коешто биле избрани.  

За одлуката за отповикување е потребно мнозинство гласови од акциите со право на глас претставени на Собранието. 

Додека, пак, за нов член на Одборот на директори, Собранието одлучило да го избере Горан Тодоров, магистѕер по менаџмент на човечки ресурси, со адреса на живбеење Конопиште Кавадарци.

Мандатот на членот на Одборот на директори ќе трае четири години. 

И оваа одлука е веќе стапена на сила од денот на нејзиното донесување, а за неа гласале мнозинството од акционерите со право на глас. 

Инаку, Тутунски комбинат Прилеп е акционерско друштво во сопственост на Владата, односно Владата таму е доминантен сопственик, со 82,66 отсто од акциите.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy