Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Државниот пазарен инспекторат за 14 дена напиша 230 платни налози со вредност над 7 милиони денари
Македонија

Државниот пазарен инспекторат за 14 дена напиша 230 платни налози со вредност над 7 милиони денари

13/04/2023

AA

Државниот пазарен инспекторат во периодот од  27.03 до 09.04.2023 година  има извршено над 1100 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Во наведениот период од страна на Државниот пазарен инспекторат наплатени и издадени се над 230 прекршочни платни налози со вредност над  7.727.000 денари, од кои:


од кои :

  • 50 прекршочни платни налози по Закон за трговија
  • 32 прекршочни платни налози по Закон за угостителска дејност
  • 26 прекршочни платни налози по Закон за заштита од пушењето
  • 80 прекршочни платни налози по Закон за финансиска дисциплина
  • 16 прекршочни платни налози по Закон за енергетика

Во горенаведениот период на територија на Република Северна Македонија се извршени над 280 инспекциски надзори и контроли по Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговија на мало и Одлуката за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед. Во некои економски субјекти констатирани се прекршоци за што се издадени прекршочни платни налози во висина од над 110.000.00 денари.


Државниот пазарен инспекторат и понатаму интензивно ќе спроведува контроли и надзори по Одлуките на Владата. Нема да има отстапувања и ќе биде казнет секој оној кој пробал на било каков начин да изврши прекршување на овие Одлуки.

Како институција ќе ги ангажираме сите расположливи ресурси за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности. Пазарниот инспекторат постојано врши надзори и постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните контроли, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа.


Законите ќе важат исто за сите, без селективност, а секој што нема да ги почитува, ќе биде санкциониран. Надзори се вршат постојано, а пазарниот инспекторат функционира со својот полн капацитет.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВНИМАНИЕ, ПАК СЕ ШИРАТ ЛАЖНИ КАЗНИ ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ Полицијата

11/11/2026
Македонија

СЕ ОБИДУВАЛА ДА ЗАПАЛИ ОГАН СО БЕНЗИН, ПА СЕ ЗАПАЛИЛА

11/11/2026
Македонија

ИЗБЕГНАЛЕ ДАНОК ОД НАД 377.000 ЕВРА Подигале пари од фирма,

11/11/2026
Македонија

📷 СИЉАНОВСКА НА ВЕЧЕРА ВО ЕЛИСЕЈСКАТА ПАЛАТА Макрон и Брижит

11/11/2026
Македонија

ВЕШТАЧЕЊЕТО НАРАЧАНО ОД ОДБРАНАТА НА ГАЗДА ДЕКО Е „ИНЖЕНЕРСКА АЛХЕМИЈА“,

11/11/2026
Македонија

НАРОДНАТА БАНКА ПОДНЕЛА КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ ФИЛИПЧЕ И ПРОТИВ ЖЕРНОВСКИ

11/11/2026
Македонија

УБЕДЛИВО ВОДСТВО НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ОКТОМВРИСКИТЕ АНКЕТИ Власта има доверба

11/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА СТАБИЛНА ЕНЕРГЕТСКА ЗИМА Владата обезбедува јаглен за

11/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46724
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВНИМАНИЕ, ПАК СЕ ШИРАТ ЛАЖНИ КАЗНИ ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ Полицијата открива како да ги препознаете

11/11/2026

Граѓаните повторно добиваат лажни пораки за сообраќајни казни од системот „Безбеден град“, преку кои измамници се обидуваат да дојдат до

СЕ ОБИДУВАЛА ДА ЗАПАЛИ ОГАН СО БЕНЗИН, ПА СЕ ЗАПАЛИЛА САМАТА Тешко повредена жена во

11/11/2026

Триесет и двегодишна скопјанка се здобила со тешки изгореници додека се обидувала да запали оган со бензин во скопското село

ИЗБЕГНАЛЕ ДАНОК ОД НАД 377.000 ЕВРА Подигале пари од фирма, не пријавувале позајмици и присвоиле

11/11/2026

Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава против две физички лица, од кои едното е сопственик и управител на правно

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy