Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски го примил предлогот на Владата за негово разрешување
Македонија

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски го примил предлогот на Владата за негово разрешување

06/03/2025

AA

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, го примил предлогот на Владата за негово разрешување и ќе даде писмено мислење во рокот предвиден со законот.

Како што соопштуваат од ЈОРСМ, од страна на Советот на јавните обвинители е доставен предлог за негово разрешување поднесен од страна на Владата. Согласно законските рокови, Советот треба да испрати мислење во рок од 15 дена.

– До Јавниот обвинител на РСМ денеска од страна на Советот на јавните обвинители е доставен предлог за негово разрешување поднесен од страна на Владата. Јавниот обвинител ќе го разгледа и писмено ќе се произнесе во законски предвидениот рок, велат оттаму.

Инаку владата на 11 февруари 2025 година донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски кој беше избран на оваа позиција пред една година, а неговиот мандат трае шест години.

Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од  50-та седница на Владата, го изготви Предлог-мислењето за разрешување на државниот јавен обвинител.

– Во изминатиот период бевме сведоци на низа скандали, нарушена функционалност на Јавното обвинителство, нарушени меѓучовечки односи, незаконски постапувања и корупција, неефикасност во кривичното гонење и повреда на принципите на организација на Јавното обвинителство и самостојноста во вршењето на функциите на обвинителите во Вишото јавно обвинителство, беше соопштено од Министерството за правда.

Државниот јавен обвинител, како што велат од Министерството за правда, постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои околности тој требало да знае и требало да се изземе.

Републичкиот обвинител Коцевски го демантира тврдењето дека незаконски постапил посочувајќи дека го следел законот и роковите во него. Тој изјави дека ќе се произнесе по предлогот за негово разрешување откако Владата ќе го достави до Советот на јавни обвинители. Во однос на барањето на премиерот Христијан Мицкоски да ја напушти функцијата, Коцевски рече дека ќе одговори откако ќе ги види основите предвидени во Законот за јавно обвинителство. Доколку се утврди дека навистина има тешка дисциплинска повреда, тој рече дека сам ќе се повлече од функцијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Просечната нето-плата во декември достигна 46.889 денари

22/02/2026
Македонија

Центар најскап, Чаир најевтин: Нови податоци за цените на становите!

22/02/2026
Македонија

ПРОЧКА, ПРАЗНИК НА ПРОСТУВАЊЕТО Побарајте прочка и простете

22/02/2026
Македонија

Дали ќе се зголеми минималната плата на 600 евра?

22/02/2026
Македонија

Намалување на бројот на заболени од грип во Македонија 

22/02/2026
Македонија

Просечната пензија ќе надмине 27.500 денари, бројот на пензионери расте

22/02/2026
Македонија

СЛАБ СНЕГ ПАЃА НА ПАТНИОТ ПРАВЕЦ ТЕТОВО – ГОСТИВАР- МАВРОВО

22/02/2026
Македонија

ОБЛАЦИТЕ И СОНЦЕТО ЌЕ СЕ МЕНУВААТ Ќе дува ветер со

21/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41762
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Просечната нето-плата во декември достигна 46.889 денари

22/02/2026

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2025 година изнесува 46.889 денари, што претставува годишен номинален раст од 7,6

Центар најскап, Чаир најевтин: Нови податоци за цените на становите!

22/02/2026

Пазарот на недвижности бележи зголемена активност и значителни разлики во цените меѓу скопските општини, покажуваат најновите податоци од Агенција за

ПРОЧКА, ПРАЗНИК НА ПРОСТУВАЊЕТО Побарајте прочка и простете

22/02/2026

Прочка или Велики поклади е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на велигденскиот пост. „Прости ми“ и

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy