Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Државната лотарија од новата „монополска“ онлајн платформа за обложување годинава ќе собере 36 милиони евра
Економија

Државната лотарија од новата „монополска“ онлајн платформа за обложување годинава ќе собере 36 милиони евра

28/02/2025

AA

Државна лотарија, акционерското друштво во државна сопственост,годинава планира од новото државното казино и обложувалница за организирање на онлајн игри на среќа „Мегавин“ да собере 36 милиони евра од граѓаните.

Во финансискиот план за 2025 на АД „Државна лотарија“, објавен овие денови, пишува дека оваа сума ќе се собере од организирањето на електронските и интернет игрите на среќа. Инаку „Мегавин“ е единствена платформа во моментов на која може да се обложува онлајн, откако претходно Министерството за дигитализација го забрани играњето на сите други поради одземени лиценци.

Платформата „Мегавин“ започна со работа во последните денови од 2023, а за минатата година нема податоци колку пари и има донесено на „Државна лотарија“, бидејќи се уште не е изработен извештајот за 2024. Во меѓувреме лани Владата го забрани играњето на електронските игри на среќа на платформите на „Ново ВЛТ“ и друштвата за приредување интернет игри на среќа „Моцарт“, „77 Битс“ и „Везус“,  кои Државна лотарија ги организираше со странски партнери, а истовремено беа преземени активности за отстранување и на платформата 2Win.mk 

Во финансискиот план на Државна лотарија пишува дека се очекува да се доделат бонуси од 9 милиони евра за играчите на „Мегавин“, а истовремено предвидено е и да се плати изнајмување на софтвер од 9,7 милиони евра за платформата.

Арбер Адеми, потпретседател на ДУИ, лани изјави дека Владата решила намерно да го држи ова казино отворено, создавајќи монопол за оваа државна компанија. Од друга страна, премиерот Христијан Мицкоски најави дека лиценците на останатите друштва се доделени незаконски и нагласи дека органите на прогонот ќе го испитаат начинот и причините како се доделувале. Во меѓувреме единствено само „Мегавин“ остана отворена и единствена опција за овој тип на обложување. Од Владата иако најавија дека и таа ќе се затвори, сепак потоа соопштија дека „процедурата е сложена“.

„Се работи за еден покомплексен процес за кој е потребна детална анализа, решенијата што ги носи оваа Влада се предмет на аргументирани ставови. Исто така, во моментов се работи на нов Закон за игрите на среќа, кој има за цел да ги надмине сите претходно констатирани недостатоци“, рекоа од Владата. 

Во меѓувреме, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, рече дека со Законот за електронски комуникации се предлага да се забранат нелегалните онлајн игри на среќа или онлајн казината. Тој рече дека во Македонија не постои приватна институција лиценцирана за организирање на онлајн игри на среќа, а граѓаните знаат дека такви ги има многу. Откриени биле околу 160 провајдери кои се присутни на македонскиот пазар, но без дозвола за организирање на онлајн игри на среќа. По владината одлука за забрана на онлајн игрите на среќа, министерот Андоновски на почетокот на октомври рече дека  следниот чекор ќе биде откривањето и затворањето на сите веб страници на кои се играат онлајн игри на среќа, а во оваа акција покрај домашните, ќе бидат вклучени и странските играчи на пазарот. 

„Државна лотарија“ во структурата на приходи очекува за 2025 и дивиденда од 10,5 милиони евра од добивката од партнерството во „Државна видеолотарија“,која главно работи со ВЛТ-апарати. Компанијата очекува за оваа година да има вкупна добивка пред оданочување од 21,5 милиони евра.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy