Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЧИСТИТЕ ОВОШНИ СОКОВИ ДОНЕСОА ЧИСТА ДОБИВКА ОД САМО 25 ИЛЈАДИ ЕВРА – како се „стопи“ ланскиот профит на „Фруктал Мак“
Економија

ЧИСТИТЕ ОВОШНИ СОКОВИ ДОНЕСОА ЧИСТА ДОБИВКА ОД САМО 25 ИЛЈАДИ ЕВРА – како се „стопи“ ланскиот профит на „Фруктал Мак“

28/02/2025

AA

Во Билансот на
успех нема изненадувања, но не сосема пријатно изненадување е крајниот
финансиски резултат.

Имено, компанијата
„Фруктал Мак“ минатата година ја завршила со чиста добивка од само 25
илјади евра, што е намалување за дури 92 проценти.

Оваа информација може
да се извлече од Билансот на успех на ова акционерско друштво за минатата
година, кое преку Берзата е споделено со инвеститорската заедница во земјава.

А овој финансики
извештај говори дека ако компанијата „Фруктал Мак“ во претходната 2023
година имала профит од 328 илјади евра, за минатата година тој се свел на само
25 илјади, што е намалување за дури 92 проценти.

Како се случува
дури и на успешна компанија да ја намали толку добивката во услови кога
остварила приходи од дури 7,3 милиони евра во минатата година, ќе ни покаже
анализата на нејзиниот Биланс на успех.

Значи, вкупните
оперативни приходи на компанијата биле 7,3 милиони евра, што е само мало
намалување за еден отсто во однос на истиот период односно во цела 2023 година.
Но затоа пак, расходите биле на ниво од 7,44 милиони евра, што е раст од 8
отсто. Што значи дека повисоките расходи од приходи доведоа до толку значајно
намалување на финансискиот резултат.

Најголем дел од
приходите ги прават приходите од продажбата, и тие се на ниво од 7 милиони
евра, или има намалување за два отсто.

На домашниот пазар
се продадени сокови за 3,73 милиони евра, и тоа е значајно подобрување во однос
на претходната година, бидејќи таму има зголемување за 9 отсто.

А, слична приходна
сума е остварена и од продажбите на странските пазари, и тоа 3,31 милиони евра,
но негативно е што таму има намалување за 13 проценти. Овде треба да се спомене
дека оваа компанија извезува во Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора.

Од залихите на
почетокот на годината приливите биле 586 милиони евра, што е пад за 16 отсто, а
залихите на крајот на годината се 749 илјади евра, што е раст за 28 проценти. И, останатите
оперативни приходи донеле 275 илјади евра, што е раст за 78 проценти.

Да видиме што ги
создало вкупните оперативни расходи од 7,44 милиони евра, а чии раст е за 8
отсто.

Најмногу се
поарчило како трошоци за суровини и материјали, и тоа 4,84 милиони евра, и тука
зголемувањето е за 8 отсто.

Најголем раст, пак,
има кај набавната вредност на трговските стоки, и тоа за околу 980 проценти, но
тие се незначителна ставка и изнесувале само 170 илјади евра.

Останатите трошења
се горе-долу во исти рамки, а ставката која вреди да се анализира секако се
трошоците за вработените, кои биле на ниво од околу 700 илјади евра и со тоа се
втора највисока расходна ставка, а нивното зголемување е за 7 отсто. Порастот
на трошоците за вработените секогаш треба да се поздрави кај една компанија,
особено во услови на инфлација, бидејќи тоа всушност или значи зголемување на
платите или нови вработувања.

Иако не е сосема
јасно како, но овие ставки и донеле оперативна добивка на компанијата од 40
илјади евра, но поради поголемите финансиски приходи од расходи, а и по
плаќањето на данокот, нето добивката на „Фруктал мак“ е само 25 илјади евра.

За оваа компанија
на нејзината „лична карта“ на Берзата е наведено дека основна дејност и е „производство на високо
квалитетни овошни сокови, нектари и пијалаци изработени без конзерванси притоа
користејќи го најдоброто и најсочното овошје од Македонија, споено со знаењето
и технологијата на стручњаците на Фруктал од Словенија“.

Фабриката „Фруктал Мак“ е лоцирана на патот
кон Зелениково на 15 км од Скопје, во еколошки чиста околина. Се простира на
површина од 192.000 м2 од кои голем дел се овоштарници насадени со праски,
кајсии и јаболки. Денес фабриката брои 70 вработени. 

Главен сопственик со близу 96 отсто од капиталот е „Фруктал“ од Ајдовчина, од Словенија.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Собранието го изгласа новиот Закон за Советот на јавни обвинители:

07/05/2026
Македонија

Општина Неготино отвори процес за пријавување штети од пролетниот мраз

07/05/2026
Македонија

Струга пулсираше во духот на верата: Величествена литија со моштите

07/05/2026
Македонија

Филипче: Победа на СДСМ за професионалната и чесна полиција, Мицкоски

07/05/2026
Македонија

Тошковски: Го одложуваме новиот Закон за внатрешни работи за СДСМ

07/05/2026
Македонија

Не се иселувајте: Мицкоски со порака до младите да ја

07/05/2026
Македонија

ФОТО Заканувачката порака која била испраќана до учениците во Битола

07/05/2026
Македонија

Мицкоски најави проширување на позитивната листа на лекови во наредните

07/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43144
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Собранието го изгласа новиот Закон за Советот на јавни обвинители: Поголема независност и европски стандарди

07/05/2026

Македонското Собрание со 64 гласа „за“ го усвои новиот Закон за Советот на јавни обвинители. Ова законско решение, предложено од

Општина Неготино отвори процес за пријавување штети од пролетниот мраз

07/05/2026

По невремето проследено со ниски температури и појава на слана што го зафати неготинскиот регион на 2 мај 2026 година,

Струга пулсираше во духот на верата: Величествена литија со моштите на Свети Георгиј Победоносец

07/05/2026

Традиционалната Струшка литија и годинава го претвори градот во духовно јадро на Македонија. Со свечена поворка, илјадници верници, црковни великодостојници

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy