Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Државата исправена пред економска логика, ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?
Македонија

Државата исправена пред економска логика, ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

17/04/2024

AA

Предвидувањата на водечките светски финансиски институции се далеку пооптимистични за земјите од регионот, отколку за Македонија. Според Светската банка, земјава годинава ќе испорача најнизок економски раст од 2.5 отсто. Кон дното кое е резервирано за Македонија, единствено блиску е Босна и Херцеговина со предвиден раст од 2,6%. Во останатите држави економскиот раст би изнесувал над три отсто, односно Косово со раст од 3,7 отсто, веднаш потоа е Србија со 3,5 отсто, а нешто помал раст се прогнозира за Црна Гора и Албанија, со 3,4% и 3,3%. Според Светска банка, Македонија и минатата година имала најнизок раст во регионот, а тоа се должи на нереализираниот извоз, пишува А1он.мк

И Меѓународниот монетарен фонд забележува дека Македонија споредбено со регионот бележи најнизок раст, со висок буџетски дефицит и значителен јавен долг. Според ММФ, македонската економија годинава ќе порасне за 2,7%. Фондот смета дека фискалната консолидација ќе биде предизвик за новата влада. Во нивниот најнов Извештај се вели дека јавниот долг ја преминал границата од 62% од БДП, а заостанатите неплатени обврски остануваат високи, со ризик од натамошно зголемување.

Изминатиов период на светско ниво, кој беше одбележан со војни и пандемија, за македонската економија се покажа дека успева стабилно да се одржува извозот единствено во рударскиот сектор. Токму заради намалениот извоз на државно ниво Светската банка има ниски прогнози за растот на економијата во земјава за оваа година. Бројките на вкупниот извоз сепак, продолжува да ги крепи рударството.

Од Македонската асоцијација на рударство истакнаа дека учеството на рударството во структурата на вкупното индустриско производство на земјата во изминативе неколку години се искачи над 11 проценти, што е показател дека оваа индустриска гранка располага со потенцијал за натамошен раст. Извозот во овој сектор традиционално секоја година надминува 200 милиони долари, од кои над 75 проценти отпаѓа на извоз на метални руди. Од МАР истакнаа дека и покрај сите предизвици поврзани со енергетската криза и геостратешките влијанија врз вкупната глобална економија во 2022 година, домашната рударската индустрија забележала раст на извозот за 17,9 проценти, надминувајќи вредност од 280 милиони долари.

Оттаму повикуваат да се поддржат развојот и новите инвестиции во домашното рударство, чија реализација ќе се одвива согласно законските прописи. Според МАР, домашната рударска индустрија и во кризни времиња покажала дека е витална индустриска гранка која успева самостојно, без поддршка од државата, испорачувајќи сигурност и стабилност.

Но, и покрај економската логика, властите продолжуваат да ги оневозможуваат инвестициите во рударството. Нереализирани останаа најавите за рудник за бакар на Кожув на канадската фирма „Резервоар минералс“, а потоа рудникот за бакар во Казандол на англиско-украинскиот конзорциум Сардич. Сега битката ја бие компанијата „Еуромакс ресоурцес“ за рудник за бакар во Иловица, која најпрвин доби зелено светло за успешно продолжување на реализација на инвестицијата, но потоа Владата, веројатно под притисок на дел од јавноста, ја повлече одлуката.

Компанијата најави инвестиција од 350 милиони евра во првите две години од изградбата на рудникот и според нив, оваа иницијатива ќе овозможи да се генерираат приближно 1.000 директни работни места во фазата на изградба и 500 директни работни места во текот на работењето, како и дополнителни 2.000 индиректни работни места. Според пресметките на инвеститорот, рудникот осигурува зголемување на БДП за 3% на годишно ниво, како и просечна вредност на извоз од околу 180 милиони евра на годишно ниво. Оваа бројка го удвојува вкупниот извоз од рударството на земјава, што секако значително ќе влијае на економскиот раст кој го споменува и Светската банка.

Економските проценки на „Еуромакс ресоурцес“ покажуваат дека македонскиот извоз ќе се зголеми за околу 4% што ќе значи намалување на трговскиот дефицит за 10%. Оваа инвестиција секако би донела и одредена стабилност во собирањето на буџетските приходи, бидејќи со работата на рудникот би се плаќале даноци во вредност од 24 милиони евра годишно, од кои три милиони евра годишно ќе се влеваат директно во буџетите на локалните самоуправи.

Извор: А1он.мк

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар приведени откако се обиделе да

12/08/2026

Полициски службеници во Гостивар вчера околу 13:30 часот го лишиле од слобода 86-годишниот Т.С. и неговиот 60-годишен син М.С. од

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

12/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на Западнонилска треска во повеќе општини

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy