Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ДРЖАВАТА ЌЕ ГО ОБЕШТЕТИ МИТИЛИНЕОС АКО ИМА ВОЈНА ИЛИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА“ – законот за стратешката инвестиција повторно пред пратениците
Економија

„ДРЖАВАТА ЌЕ ГО ОБЕШТЕТИ МИТИЛИНЕОС АКО ИМА ВОЈНА ИЛИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА“ – законот за стратешката инвестиција повторно пред пратениците

01/03/2024

AA

Државата
гарантира дека ќе го обештети инвеститорот во случај идната централа „МИТИЛИНЕОС“
да претпри штета ако има војна или пак вооружен грабеж, но и во случај на некој
друг тип на вонредна состојба, револт, немири и востанија. Ова е наведено во
новото, изменето законско решение за стратешкиот инвеститор „МИТИЛИНЕОС“ доставено
во Собранието.

По бурните реакции поврзани со оваа стратешка инвестиција, која здружението на инженери ја
посочи како најштетна од сите договори за стратешки инвестиции, и истакнуваа
дека државата повеќе губи отколку што добива, законите беа повлечени, разгледани
од Владата и сега се повторно во Собранието пред пратениците.

Што точно пишува
во законот:

– 
Во
случај на претрпена штета во однос на стратешкиот инвестиционен проект како
последица на војна или вооружен конфликт, револуција, вонредна состојба во
државата, револт, немири или востанија, Република Северна Македонија му
гарантира на стратешкиот инвеститор одобрување на реституција, обештетување,
надомест или друго намирување
, не помалку поволно од она што органите од овој
закон го одобруваат на државјаните на Македонија или на државјани од која било
трета земја, во зависност од тоа што е поповолно за стратешкиот инвеститор –
стои во законот.

Исто така со
новиот закон се дефинира дека  овој
инвеститор ќе добие финансиска поддршка од државата и тоа во солидни 17
проценти од нивната инвестиција.

– 
Стратешкиот
инвеститор и Владата, претставувана од Дирекцијата, склучуваат договор за
доделување на државна помош со кој се уредува доделувањето на државната помош.
Врз основа на проценетата вредност на капиталот за реализација на стратешкиот
инвестиционен проект Владата му доделува на стратешкиот инвеститор финансиска
поддршка во висина од 17% од вкупната вредност на инвестицијата
за реализација
на стратешкиот инвестиционен проект – пишува во законот.

И новото законско
решение, како и претходното, за кое реагираа инженирите, предвидува дека сите
спорови меѓу инвеститорот и државата би се „разгледувале“ надвор од земјава.

– 
За
решавање на сите спорови коишто се однесуваат на спроведувањето на стратешкиот
инвестиционен проект
и произлегуваат од или се поврзани со договорот за
стратешки инвестиционен проект и договорот за откуп на електрична и топлинска
енергија, или од кој било друг договор поврзан со спроведувањето на стратешкиот
инвестиционен проект (вклучувајќи спорови за полноважноста на споменатите
договори и дури доколку кој било од споменатите договори е поништен, укинат
и/или се смета за неполноважен), соодветните страни ќе договорат надлежност на
Меѓународниот центар за решавање на инвестициони спорови според Конвенцијата за
решавање на инвестициони спорови помеѓу државите и државјаните на другите
држави, потпишана во Вашингтон на 18 март 1965 година,
со седиште на таквата
арбитража надвор од територијата на Република Северна Македонија и таквата
арбитража се смета за инвестициона арбитража – пишува во законот.

Предлагачите на
овој закон истакнуваат дека целта на овој Предлог закон е реализација на
инвестициониот проект когенеративна постројка што претставува еден од проектите
со највисок стратешки приоритет за државата. Според нив, со оваа постојка,
треба да се постигнат целите до 2040 година во однос на декарбонизацијата и
енергетската ефикасност, и целите на политиката за енергетска транзиција преку
подобрување на флексибилноста на системот да интегрира повеќе капацитети на
обновливи извори на енергиј
а врз основа на базна енергија произведена преку
стратешкиот инвестиционен проект. Со неа се очекува подобрување на енергетската
ефикасност на ниво на производство на топлинска енергија со употреба на
комбинирани постројки, односно зголемување на капацитетите за централно греење.

Воедно во законот
е нагласено дека ќе се намали загадувањето на воздухот во Скопје во зимо, но и трошоците
на здравствениот систем како резултат на намалување на заболувањата
предизвикани од загадувањето на воздухот. Треба да се зголеми количеството на топлинска
енергија од капацитет со најсовремена опрема за производство и по цени пониски
од цената на регулираниот производител.

Според нив инвестицијата
ќе придонесе за стабилност на цената на електрична енергија
на долг рок поради
договорената формула за утврдување на тарифата за енергија произведена од
постројката, како и за цените за топлинска енергија.

Во законот јасно
е наведено дека стратешкиот инвеститор има ексклузивно право на стратешкиот
инвестиционен проект
, што вклучува проектирање, финансирање, осигурување,
изградба, сопственост, управување и одржување на постројка за комбинирано
производство на електрична и топлинска енергија, вклучувајќи ги нејзините
дополнителни и помошни системи, со вкупна инстралирана моќност од 130-165 MWe и
90-105 MWth, како и сите други објекти, опрема, инфраструктура, подвижни и
недвижни ствари потребни за изградба и соодветна употреба на постројката.

Стратешкиот
инвестиционен проект ќе се реализира на подрачјето на општина Гази Баба, на
простор избран или одобрен од стратешкиот инвеститор и определен со
урбанистички план за подрачја и градби од државно значење. Вредноста на капиталот за реализација на стратешкиот инвестиционен
проект останува иста или 290.000.000 евра,
кои ќе бидат обезбедени од стратешкиот
инвеститор, а по негово барање Владата склучува директни договори побарани од
заемодавачите за обезбедување на финансирањето без финансиски импликации за
Буџетот на Република Северна Македонија.

П.О.

Фото: freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УНГАРЕЦ СЕ ОБИДЕЛ НЕЛЕГАЛНО ДА ВНЕСЕ 200.000 ЕВРА ВО МАКЕДОНИЈА

22/09/2026
Македонија

ГРУБИ ЗАКАНИ ЗА ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА РУДАРСТВОТО Најавен протест или линч

22/09/2026
Македонија

📷 НАД 100.000 ЕВРА И ЛЕКОВИ ЗАПЛЕНЕТИ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА

22/09/2026
Македонија

📽️ ОТИШЛА НА НОЌНО КАПЕЊЕ ВО МАРМАРАС, ИМАЛА ЧУДНА СРЕДБА Мислела

22/09/2026
Македонија

ПРОНАЈДЕНА МРТВА ПО ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРОТ Женско тело најдено во

22/09/2026
Македонија

МИСТЕРИЈА СО ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПАЦИЕНТ Болницата пријавила пад од кревет,

22/09/2026
Македонија

ДОБРЕ ДОЈДЕ ЕСЕН Златната сезона почнува ноќеска во 2:05 часот

22/09/2026
Македонија

🎥📷 МИЦКОСКИ ОБЈАВИ ВИДЕО ОД СРЕДБИТЕ ВО ЊУЈОРК Нови можности

22/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45730
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УНГАРЕЦ СЕ ОБИДЕЛ НЕЛЕГАЛНО ДА ВНЕСЕ 200.000 ЕВРА ВО МАКЕДОНИЈА Најдени му се при претрес

22/09/2026

На граничниот премин Табановце кaj унгарски државјанин откриени се 200 илјади евра, кои тој се обидел нелегално да ги внесе

ГРУБИ ЗАКАНИ ЗА ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА РУДАРСТВОТО Најавен протест или линч во Струмица?

22/09/2026

За четврток (24.09.2026) во 12 часот во Салата за состаноци на Советот на Општина Струмица е најавена јавна расправа за

📷 НАД 100.000 ЕВРА И ЛЕКОВИ ЗАПЛЕНЕТИ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА Криминална група криумчарела цигари, тутун

22/09/2026

Криминална група која, според истрагата, се занимавала со криумчарење акцизна стока, нелегално внесување лекови и суплементи и коруптивни кривични дела

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy