Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Драшковиќ за идејата Србија да се приклучи на БРИКС: Таа резолуција е глупост што не треба ни да се разгледува
Регион

Драшковиќ за идејата Србија да се приклучи на БРИКС: Таа резолуција е глупост што не треба ни да се разгледува

30/08/2023

AA

Резолуцијата на Вулин за пристапување во БРИКС е глупост, вели  лидерот на Српското движење за обнова (СПО) и поранешен шеф на дипломатијата Вук Драшковиќ. 

Тој денеска изјави дека предлог резолуцијата на Движењето на социјалистите на шефот на БИА Александар Вулин за пристапување на Србија во БРИКС е глупост што не треба ни да се разгледува, јави дописникот на МИА од Белград.

„Од основањето до денес, СПО е за Србија во Европа и Европа во Србија. Тоа е единствениот разумен пат“, изјави Драшковиќ за агенцијата Бета.

Тој нагласи дека подносителот на резолуцијата е „фанатичен“ претставник на политиката на Слободан Милошевиќ и Мирјана Марковиќ во „страшните“ деведесетти години на минатиот век, „а денес тој е најлојалниот човек во Србија на режимот во Кремљ. “

„Со поднесувањето на оваа луда резолуција, тој ја користи трагичната вистина дека денес за огромното мнозинство Срби во Србија, Република Српска и Црна Гора, земјите од НАТО алијансата и Европската унија, целиот „колективен Запад“ се непријатели на српскиот народ, а пријатели и заштитници на Србите се Русија, Кина, Северна Кореја, Иран, Сирија, Венецуела, африканските диктатури под команда на Вагнер“, рече Драшковиќ.

Од партијата на Вучин бараат од Владата на Србија во рок од 30 дена од евентуалното усвојување на Резолуцијата да побараат од БРИКС позиција на држава набљудувач, како и да формираат Министерство за приклучување кон БРИКС и да донесе посебна стратегија за тоа.

Резолуцијата би го задолжила претседателот на Собранието да распише референдум за ова прашање, додека во образложението за усвојувањето стои дека Србија би ја задржала воената неутралност, но и дека не предвидуваат прекин на активностите на т.н. евроинтеграциите.

И претседателот на Република Српска, Милорад Додик предложи Босна и Херцеговина (БиХ) да поднесе барање за членство во БРИКС, економската групација во која се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ ТРЕБА ДА ГО ПРИФАТИТЕ МИСЛЕЊЕТО ОД ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА Мицкоски

26/11/2026
Македонија

ОХРИД И СТРУГА ПОД ЗАСИЛЕНИ БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ГОСТИ

26/11/2026
Македонија

МПЦ-ОА ЌЕ ГИ ЕДУЦИРА СВЕШТЕНИЦИТЕ ДА ПРЕПОЗНААТ СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Црквата

26/11/2026
Македонија

НАСТАВНИК НАПАДНАЛ УЧЕНИК Инцидентот се случил во дебарско село

26/11/2026
Македонија

АЛЕКСАНДАР ЧУПИЌ ДОАЃА ВО ОХРИД НА САМИТОТ БРДО-БРИОНИ Тоа му

26/11/2026
Македонија

МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА СЕ ПОЖАЛИЈА ПРЕД ООН Изложени се на

26/11/2026
Македонија

ЗА ПЕНЗИИ ВО 2027 ГОДИНА СЕ ПЛАНИРАНИ 2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

26/11/2026
Македонија

163 ПРИТВОРИ ЗА ОСОМНИЧЕНИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ГОДИНАВА, ЛАНИ БИЛЕ

25/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46940
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ ТРЕБА ДА ГО ПРИФАТИТЕ МИСЛЕЊЕТО ОД ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА Мицкоски му одговори на Реџепи за

26/11/2026

ицкоски за правосудниот испит: Доставивме предлог до Венецијанска и се чека нивното мислење кое е задолжително за преговорите со ЕУ,

ОХРИД И СТРУГА ПОД ЗАСИЛЕНИ БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ГОСТИ Полицијата апелира возилата да се

26/11/2026

Поради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што денеска и утре ќе се одржи во Охрид,

МПЦ-ОА ЌЕ ГИ ЕДУЦИРА СВЕШТЕНИЦИТЕ ДА ПРЕПОЗНААТ СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Црквата ги осуди сите облици на

26/11/2026

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) најостро ги осудува сите облици на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy